top of page
За полесна организација на детските денови




Нашата мисија e да:
-
Oбезбедиме јасна и редовно ажурирана веб-платформа каде родителите ќе можат лесно да се информираат за најновите настани и активности.
-
Изградиме партнерства што траат и носат меѓусебна корист.
-
Ги поддржиме и домашните рачни изработки, претприемништвото и малите бизниси што работат посветено во областа на детски услуги и забава.

Нина, CoolBottles.mk
Соработката со kiddomedo.com е вистинско задоволство! Нивниот професионален пристап, креативност и посветеност ја прават секоја заедничка иницијатива успешна. Среќни сме што сме дел од платформа која инспирира, обединува и нуди сè што им е потребно на семејствата. Драго ни е што заедно придонесуваме за покреативно и позабавно детство!
Бубе, WeParty.mk
Соработката со Кидо Медо е природно продолжение на сè она што го веруваме во WeParty., а тоа е радост, креативност и грижа за најмалите. Како родител и како претприемач, особено го ценам тоа што Кидо Медо нуди искрена заедница и поддршка за малите бизниси. А, заедно создаваме моменти кои го прават детството поубаво.
Maрија, Fairy.Animator
Бескрајно сум среќна што сум дел од семејството на Kiddo Medo! Зад тоа име стои голема поддршка, љубов и инспирација за детската радост, креативност и магија. Благодарна сум што ја препознаа приказната на Самовилата и што секојдневно, заедно, ги шириме најискрените детски насмевки!
bottom of page



































