top of page

Забава на тркала низ Скопје: Како „Party Bus“ стана најомилената роденденска дестинација во движење?

Секое дете сонува за роденден кој е поинаков, возбудлив и исполнет со авантура. Токму таа желба за нешто ново и несекојдневно ја инспирираше приказната на Party Bus, концепт кој ги претвори скопските улици во најубавата сценографија за детските прослави.

Наместо статична забава, малите славеници добиваат динамично патување низ градот, каде што секој поминат километар е нова песна, нов танц и нов неонски блесок.


Иако овој специјализиран автобус е домаќин на многубројни матурски и приватни забави, тој стана вистински хит меѓу најмладите, нудејќи им приватен и модерен простор кој „патува“ заедно со нивната енергија. За родителите, пак, ова е едноставно и сигурно решение без грижа за организација.


Разговаравме со тимот на Party Bus, креативците кои стојат зад оваа „машина за насмевки“, за да ни откријат како успеаја да го спојат градскиот ритам со безбедноста и приватноста.


Дознајте што вклучува нивниот целосен пакет и како секој детски роденден го претвораат во филмска авантура на тркала.



Како се роди идејата за забава на тркала низ Скопје?

Што беше пресудно да создадете ваков концепт кој ги спојува динамиката на градот и приватноста на една затворена прослава?

Во сите поголеми градови низ Европа постојат т.н. диско автобуси, наменети за организирање на забави за различни поводи. Ние одлучивме оваа опција да ја овозможиме во Скопје. И навистина е уникатна можност секој да прослави убава причина, со журка во движење низ главниот град. Ова многу им се допаѓа и на дечињата, помалите генерации, па така и најчесто организираме детски родендени. Се разбира организираме и матурски, момински, ергенски вечери, родендени на возрасни, па и приватни забави за друштва што уживаат во својот тесен круг на пријатели. 


Многумина се прашуваат како е да се танцува и слави додека возилото е во движење. На кој начин се грижите за безбедноста на гостите и какви стандарди мора да исполнува еден ваков специјализиран автобус?

Идејата и брендот може да се развиваат само доколку гостите се задоволни, а меѓудругото, задоволството е и резултат на чувството колку биле сигурни додека се забавувале во автобусот. Ако почувствуваат и минимален ризик, веројатноста да не влезат повторно, па и да споделат негативно искуство со други е голема. А добро знаеме дека пропагандата „од уста на уста“ е највлијателна.

Сакаме да потенцираме дека безбедноста ни е подеднакво важна како и забавата.

Party Bus e специјален автобус, со двојна конструкција на многу елементи од каросеријата, со а-тест дозвола и ги запазува сите стандарди за безбедно возење.

Како и секое друго возило вклучено во градскиот сообраќај, подлежи на технички преглед, регистрација и редовно одржување. Брзината на движење е ограничена до 40 км на час, на лента предвидена за јавен автобуски сообраќај, а бројот на гости е најмногу 35. Системот „Safe City“ многу ни помага, не затоа што го ограничува нашето движење кое и онака е релативно бавно, туку го ограничува движењето на други кои можеби претходно биле ризик и за нас и за сите други учесници во сообраќајот. 



Кои се најчестите појдовни точки и дали постои одредена рута низ градот која ја препорачувате, или пак гостите имаат слобода сами да го креираат патот на својата забава?

Најчести точки на поаѓање се салата „Борис Трајковски“ во Карпош и Железничка станица. Но, постои можност да се договориме и за друго појдовно или место на враќање на гостите. Автобусот може да се движи секаде каде што се движат и сите други автобуси во градот, односно каде што има линиски јавен превоз. 



Што всушност вклучува организацијата на еден ваков настан?

Дали клиентите треба да се грижат за деталите како музика, пијалак и осветлување, или вие нудите целосен пакет?

Се прилагодуваме на потребите и барањата на гостите. Можеме да се договориме за сите аспекти на забавата, делумно или буквално сé да организираме ние. Нашиот стандарден пакет на пример за детски роденден - всушност значи понуда за организирање комплетен роденден - обезбедуваме негазирани и газирани сокчиња, водички и разни грицки за дечињата, неон реквизити за уште посветла забава, подарок за славеникот и персонализирана електронска покана, а на родителите останува само да донесат торта за славеникот.

Во автобусот има квалитетен звук, диско осветлување, подиум за танцување, ладилник, тоалет, лед телевизори, спин игри...


Среќни сме што нема незадоволни гости. Сите досега не’ оцениле со чиста 5ка😊


077 499 776




bottom of page