top of page

Врснички притисок и насилство кај децата – како ги учиме да препознаат, да кажат „НЕ“ и да побараат помош.

Во денешно време, децата се соочуваат со многу повеќе предизвици отколку што мислиме. Еден од најчестите е врсничкиот притисок, кој понекогаш преминува во врсничко насилство (булинг).


Затоа е важно да не чекаме проблемот да се појави, туку да ги учиме децата навреме како да го препознаат и како да реагираат.



Што е врснички притисок, а што насилство?

Врснички притисок е кога детето се чувствува приморано да направи нешто за да биде прифатено. Додека врсничко насилство е кога некој постојано повредува друго дете – физички, вербално или емоционално.


Примери што децата лесно ги препознаваат:

– „Ако не го направиш ова, не си другар/ка“

– исмејување или навредување

– оттурнување или удирање

– игнорирање и исклучување од група.


Како ги учиме децата да препознаат булинг?


Со најмалите работиме преку:

-игри со улоги

-разговори со конкретни ситуации

-слики и приказни


Им помагаме да разберат:

– како изгледа неправедно однесување.

– како се чувствува оној што е повреден.

– дека нивното чувство е реално и важно.  


Како да кажат „НЕ“?

Децата треба да знаат дека имаат право на граници. Ова можеби е најтешкиот дел за нив.


Ги учиме да:

- кажат јасно „НЕ“

- користат силен, сигурен глас

- се тргнат од ситуацијата

- не се приклучуваат на група која повредува други.


Ова го вежбаме, не го оставаме на случајност.


Зошто е важно да пријават?

Многу деца мислат дека ако пријават насилство ќе бидат тужибаби или ќе биде полошо ако кажат.


Затоа на часовите за социјално-емоционално учење зборуваме дека:

- пријавувањето е храброст;

- барањето помош е сила, а не слабост.


Ги насочуваме да се обратат кај:

– учител/ка-наставник/чка

– родител

– стручно лице

– возрасен на кој му веруваат


Зошто се случува врсничко насилство?


Причините не се едноставни, но најчесто вклучуваат:

– потреба за внимание или моќ

– несигурност кај детето што повредува

– модели на однесување што ги гледа дома или онлајн

– недостаток на емпатија


Токму затоа работиме не само на „запирање“ на насилството, туку и на развивање емпатија и социјални вештини.


Каде најчесто се случува?

– во училиште (училница, ходник, двор, тоалет)

– на игралиште – при групни активности (излети, родендени и сл.)

– онлајн (сајбер булинг)

Затоа децата треба да знаат дека правилата важат секаде, не само во училница.

Што е нашата цел?


Да изградиме деца кои:  

  • препознаваат неправда  

  • се грижат за другите  

  • знаат да постават граници  

  • имаат храброст да побараат помош


Бидејќи најсилната заштита не е стравот, туку свеста, самодовербата и поддршката.


📞 071 296 069

bottom of page