Нашата мисија

Нашата мисија

Кидо Медо е простор создаден со љубов кон децата и семејствата. Ги поврзуваме родителите со најдобрите бизниси, едукатори, спортски клубови и места за игра, сите на едно место, лесно и брзо.

Веруваме дека секое дете заслужува квалитетно време, инспирација и грижа. Затоа секој наш партнер е одбран внимателно.

Совети, инспирации, приказни

Интервју со сенсеи Симона Трајкоска: Најголемата победа е кога срамежливо дете ќе стекне самодоверба на татамите — статија во Магазин
Совети

Интервју со сенсеи Симона Трајкоска: Најголемата победа е кога срамежливо дете ќе стекне самодоверба на татамите

Кога едно дете на првиот тренинг едвај се осмелува да застане во ред, а по неколку месеци самоуверено им покажува вежба на почетниците, тоа е вистинската победа на спортот. За Симона Трајкоска, тренер во скопскиот карате-клуб „Yoshitaka“, каратето е многу повеќе од медали и натпревари. Тоа е место каде децата учат на почит, трпение, самоконтрола и како смирено да се справат со предизвиците надвор од салата. Во овој разговор таа открива како преку игра и дисциплина се гради детската самодоверба, зошто децата учат само од личен пример и како семејната карате-традиција продолжува да инспирира нови генерации.

Прочитај повеќе
Maja Димоска од Научна кујничка: Недостигаат концентрацијата и трпението кај децата во во ова динaмично време — статија во Магазин
Совети

Maja Димоска од Научна кујничка: Недостигаат концентрацијата и трпението кај децата во во ова динaмично време

Во време кога детското внимание сè потешко се задржува, „Научна кујничка“ нуди освежувачки пристап кон учењето – преку игра, практични експерименти и љубопитност. Разговаравме со Маја Димоска, дипломиран професор по предучилишно воспитание и магистранд по педагогија со долгогодишно искуство во работата со деца, за тоа како малите главички стануваат големи истражувачи, зошто грешките се најдобриот учител и како изгледа една вистинска роденденска научна авантура.

Прочитај повеќе
МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ) – ВИСОКОКОНТАГИОЗНА ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА И ЗНАЧЕЊЕТО НА НАВРЕМЕНАТА ПРЕВЕНЦИЈА — статија во Магазин
Совети

МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ) – ВИСОКОКОНТАГИОЗНА ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА И ЗНАЧЕЊЕТО НА НАВРЕМЕНАТА ПРЕВЕНЦИЈА

Морбилите (Measles) претставуваат акутно, високо контагиозно вирусно заболување предизвикано од вирусот на морбили (Measles morbillivirus), кој припаѓа на фамилијата *Paramyxoviridae*. И покрај постоењето на безбедна и високоефикасна вакцина, морбилите и понатаму претставуваат значаен јавно-здравствен предизвик, особено во популации со недоволен вакцинален опфат.

Прочитај повеќе

Соработката со kiddomedo.com е вистинско задоволство! Нивниот професионален пристап, креативност и посветеност ја прават секоја заедничка иницијатива успешна. Среќни сме што сме дел од платформа која инспирира, обединува и нуди сè што им е потребно на семејствата. Драго ни е што заедно придонесуваме за покреативно и позабавно детство!

Нина, Cool Bottles — фотографија на корисникНина, Cool Bottles

Соработката со Кидо Медо е природно продолжение на сè она што го веруваме во WeParty., а тоа е радост, креативност и грижа за најмалите. Како родител и како претприемач, особено го ценам тоа што Кидо Медо нуди искрена заедница и поддршка за малите бизниси. А, заедно создаваме моменти кои го прават детството поубаво.

Bube, WeParty.mk — фотографија на корисникBube, WeParty.mk
Како бренд што се обраќа на родители и семејства, соработката со Кидо Медо за нас беше одлично искуство. Мартина е професионалец, комуникацијата е брза и едноставна, а содржините се креативни, единствени и секако насочени кон вистинската публика.
Преку платформата успеавме да ја зголемиме видливоста на Wildride.
Драгана, Wildride — фотографија на корисникДрагана, Wildride

Соработката со kiddomedo.com ни трае од самиот почеток. Тие се одличен генератор за сè што е поврзано со деца, а ги користам и приватно како мајка. Исклучително се одговорни, редовни и транспарентни, секоја информација ја објавуваат со детална грижа. Веќе ги чувствуваме како дел од нашиот тим, а благодарение на нивната платформа добивме и повеќе закажани родендени.

Елена, Fitnes Fabrika Junior — фотографија на корисникЕлена, Fitnes Fabrika Junior

Поддржувачи

ПАРТНЕР ЕДЕН — поддржувач на Кидо МедоПАРТНЕР ДВА — поддржувач на Кидо МедоПАРТНЕР ТРИ — поддржувач на Кидо Медо

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА НАШИОТ NEWSLETTER!

Сакаш да добиваш известувања за сите новитети?

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА

Пополнете ја формата и нашиот тим ќе ве контактира.