Родител е именка, родителување е глагол
- Кидо Медо

- Mar 25
- 3 min read
Што има заедничко меѓу игралиште и состанок? Повеќе отколку што мислиме.
Како настана #КЛУБзаРодители
Долго време си поставував едно прашање.
Како HR професионалец, со години гледав што им недостига на новите вработени кога ќе влезат во компанија. Не се работеше за знаење. Не се работеше ни за дипломи. Најчесто недостигаа животни вештини:
како да разговараат,
како да преземат одговорност,
како да соработуваат со други,
како да се справат со предизвик.
Тие вештини не треба да започнат да се градат на 25 години, тие треба да почнат да се негуваат многу порано.
Од друга страна, знаењето што го користев во „светот на големите“ почнав да го применувам дома – со моите деца и резултатите беа одлични, концептите ги примаа и разбираа многу побрзо и полесно од големите. И почна едно друго прашање да ми се мота низ глава:
Како можам она што го гледам и знам во светот на големите да го ставам во служба и за другите родителите?
Еднократна обука – па дури ни подолга програма – нема да ја заврши работата. Затоа што родителувањето не е настан, тоа е патување. Токму од таа идеја се роди #КЛУБзаРодители. Место за родители кои сакаат свесно да го поддржат развојот на своите деца – и истовремено да растат заедно со нив и со други родители кои се на истиот пат. Безбедно место во кое, во ова брзо време кога често имаме чувство дека имаме сè – освен време, знаењето се споделува континуирано и во мали, применливи чекори. Идеи, алатки и размислувања кои родителите можат веднаш да ги пробаат дома.
Затоа #КЛУБзаРодители е организиран како членска заедница. Место во кое родителите влегуваат и ги чека:
библиотека од материјали
месечни теми за родителството и разговори
практични алатки за развој на животни вештини кај децата
заедница на родители кои се поддржуваат на истиот пат
Вештините што ни се потребни на нас возрасните на состанок, истите тие им се потребни на децата на игралиште. А родителството е местото каде тие вештини започнуваат.
Зборот родител е именка, но родителувањето e глагол – во реалниот живот:
кога детето не сака да учи,
кога разговорот се претвора во расправија,
кога се прашуваме дали можеше поинаку.
„Каде можеме да разговараме за овие теми?“
Не мислам на совети од интернет. Не мислам на уште една книга. Мислам на место каде родителите можат да разговараат искрено за родителството. Оваа потреба е основата од која се креираше и на која работи #КЛУБзаРодители почнувајќи од мај 2024.
КЛУБот е заедница на родители кои имаат намера свесно да го поддржат развојот на своите деца, а секој месец во КЛУБот има:
Прв Понеделник – тема за размислување
Втор Вторник – мал чекор кој можеме веднаш да го пробаме дома
Трета Среда – споделување победи големи и мали
Четврт Четврток – простор за прашања и поддршка
Во клубот споделувам и алатки од НЛП, коучинг и моето искуство како родител, тренер и HR професионалец.
Затоа што верувам во нешто многу едноставно – вештините што ќе им требаат на децата за светот на големите можат да почнат да ги развиваат во родителскиот дом и преку родителот како модел.
КЛУБот не се отвора неколку пати годишно, тој е отворен секогаш. Прашањето е само:
#КакоМОЖЕ да си дадете повеќе поддршка на себе – за да можете да му дадете повеќе поддршка и на своето дете?
Ако сакате да видите дали ова е место за вас 👉 https://subscribepage.io/LlDgai.
А ако сакате прво да ме запознаете преку бесплатни ресурси, тука се:
Substack блогот #ЛиченИЗБОР каде редовно пишувам на оваа тема и споделувам дел од материјалите од КЛУБот
серијата бесплатни е-книги #КакоМОЖЕ да станеме и останеме среќни родители (6 дела), тука го споделувам дел 3, ако ви се допаѓа на мојата веб-страна www.AnaSaltirova.mk можете да ги најдете другите 5 дела во делот бесплатни ресурси → подарок.
Добредојдени сте да почнете од таму каде што најмногу ви одговара.













