top of page

Ретроспектива на успешната година на LittleBig Founders!

Драги читатели на Кидо Медо,


Како што изминува годината, направивме мал recap од случувањата во LittleBig Founders. Кога  одлучивме да го отвориме LittleBig Founders, како и за секој бизнис, постоеше сомнеж, преиспитување, непреспиени ноќи, дали ја правиме вистинската одлука, и дали ќе успееме да допреме до родителите и децата на оној начин на кој ние имавме замисла.


Знаете, кога ќе спомневме школо за бизнис за деца и тинејџери, наидувавме на коментари:

  • Eјјј кај па сега децата знаат што е бизнис?

  • Што ќе ги учите?

  • Дали нешто корисно ќе научат?

  • Многу се мали, уште немаат интерес.

  • А што е всушност претприемништво и зошто би одело моето дете таму?



Искрено, многу сакавме сите да можат со наши очи да видат што нивните деца добиваат од ова школо. За среќа, позитивните коментари беа повеќе, и тоа е она што ни даде поддршка, дека за претпремачки вештини подобро е да се почне порано, отколку да биде доцна.

Од нашиот почеток, април 2025, до сега, декември 2025, поминаа 20тина ученици кои тимски и индивидуално изработија 16 проекти. За нас верувајте тоа е огромен успех.


Добивме поддршка  од родители на 20 деца, кои ја препознаа нашата визија и мисија. За овој период имавме посета на една од најпознатите фабрики во Европа за производство на електронски печатени плочки, каде дознавме дека делови произведени во оваа фабрика патувааат во вселената, делови ги има во болидите на Формула 1, во авионите Боинг и заедно со врабтените на Hi-Tech Corporation, нашите ученици поминаа еден производствен процес на една електронска плочка.

Ја посетивме Sparkasse Bank, кои на еден отворен и срдечен начин им објаснија на нашите ученици, дека претриемништвото не може да се замисли без улогата на банките, како се печатат парите, какде се чуваат, улогата и вредноста на парите.



На 15.07.2025, Малите Кретаори (6-9 години), Идните Основачи (10-14 години), Мини Стартапџиите (15-18 години), го имаа својот прв Pitch Deck.

Пред публика, инвеститори и поддржувачи, ги презентираа своите бизнис планови, и реализација на производи. Малите Кретаори дури и ги продадоа сите прототипи на своите производ и собраа 6.000 денари, кои решија дел да ги искористат за нови материјали.

Бевме дел од фестивалот Еволуција на Сонот, поддржан од Италијанска и Португалска Амбасада.

Присуствуваме и на Youth Festival, поддржан од US Embassy Skopje, каде нашите млади претставници од LittleBig Founders, остварија средни со наши млади и познати претприемачи.

Она на што сме особено горди е и Првиот пазар на мали претприемачи (6-12 години) кој се одржа во рамките на Kid Expo, каде над 40 пријавени дечиња, макар за еден ден, беа CEO’s,беа претприемачи, продаваа свои лични изработки, вежбаа продажни и комуникациски вештини, и зарабатоја навистина супер парички.


За време на Глобалната недела на претприемништво, во соработка со GEW Macedonia 2025, имавме и работилница, на тема  “Како градиме партнерстава “ со сертифициран системски семеен советник - Нермина Спиров. LittleBig Founders беа дел и од Startup Revolution AI Summit,каде што оствари контакт со светски познати лица од бизнис заедницата, стартап светот и секако AI технологијата.

Разговараа со многу инвеститори за своите идеи, кои им дадоа поддршка дека го избрале вистискиот пат за успех.Бевме дел и од Slow Festival Macedonia,каде што нашите ученици, беа дел од работилници за здрави навики и избалансирана исхрана, здрава почва, компостирање и како природните ресурси можат да се претврат во производ и бизнис.

Нашите ученици, беа присутни и на вистински pitch, организиран од Стартап Клуб Скопје, каде што во живо следаа  4 основачи кои  своите стартапи ги презентираа пред инвеститори. Гледаа и учеа како треба да изгледа реален  pitch.


За на крај на годината го оставивме нашиот гостин говорник, Кристијан Стефановски, сопственик на Scoop Gelato. Личното претприемачки искуство на Кристијан , беше навистина нешто што ги остави нашите ученици без здив. 2 часа, внимателно го впиваа секој негов збор.

Кристијан, како Дедо Мразот  на LittleBig Founders, за крајот на годината, им донесе искуство, знаење, поддршка и најважното, желба да продолжат понатаму со своите бизнис идеи.

И 1000 пати да паднеш, 1 сигурно ќе станеш.

E тука, започнува патот на успехот.


Годинава ја завршуваме, со голем успех, задоволни ученици и родители, горди инструктори. Посебно би сакале да ги издвоиме нашите инструктори  кои низ целиот овој период остварија  гостувања на значајни претприемачки настани, саеми, подкасти, конференции и студиски посети.


За крај, тимот на LittleBig Founders, Ви посакува Среќна Нова 2026 Година и Ве поканува, Вас, кои низ овој блог, почувствувавте дека навистина можете да направите позитивна промена во животот на вашите деца, да ни се јавите, да дојдете на еден бесплатен пробен час.


Ваши,

Елена, Виктор и Јана


📞070 800 651 и 070 50 3001



bottom of page