LittleBig Founders

LittleBig Founders е школо за бизнис за деца и тинејџери од 6 - 18 години.
Нашата цел е да создадеме средина каде што децата ќе истражуваат, ќе учат низ искуство и ќе развиваат критичко размислување, самодоверба и способност за решавање проблеми. Низ нашите иновативни програми, користејќи го Монтесори пристапот, ги поттикнуваме на самостојност, финансиска писменост, тимска работа и одговорно користење на технологијата, вклучително и вештачката интел игенција.
Веруваме дека претприемништвото не е само за возрасните – напротив, децата кои од рана возраст учат да размислуваат како претприемачи стануваат пофлексибилни, поотпорни на предизвици и поподготвени за динамичниот свет што ги очекува. Нашата програма не само што ги подготвува децата да создаваат и иновираат, туку и ги оспособува родителите да бидат нивна најголема поддршка во тој процес.
Како претприемачките програми им помагаат на децата и младите?
- Поттикнување на креативноста и иновациите
- Развивање на вештини за решавање на проблеми и критичко размислување
- Градење самодоверба и лидерство
- Учење финансиска писменост
- Поттикнување на отпорност и адаптибилност
- Промовирање на тимска работа и комуникација
- Воведување на претприемачкиот менталитет рано
- Подготовка за идни кариери
Оспособување на следната генерација претприемачи:
Забавни, практични претприемачки програми за креативни млади умови.
Програми:
Клуб-Мали креатори-6-9 години
Клуб-Идни основачи-10-14 години
Клуб- Мини стартапџии-15-18 години
Покрај основните програми, LittleBig Founders нуди услуги како :
1. Родендени
2.Кампови
3.Детски инвестициски план
4.Родителски кружок
5.Семинари
6.LittleBig Founders Клуб
Нашите предавачи носат уникатна комбинација од искуство, вештина и посветеност на програмата, што ги прави идеални за водење и инспирирање на младите претприемачи. Со години практично искуство во своите индустрии, тие ги разбираат реални те предизвици и можности во бизнисот и можат да понудат практични сознанија кои одат подалеку од теоријата. Нивната експертиза во области како маркетинг, финансии и лидерство гарантира дека учениците не само што ќе ги совладаат основите, туку и ќе стекнат напредни вештини неопходни за разбирање на претприемачкиот свет.
📞070 800 651 /070 50 3001
Бул. Партизански Одреди 6/1 Скопје, Македонија, до Соборниот Храм









