HopppyLand: Кога љубовта на двајца родители создава простор за најмалите
- Кидо Медо

- Mar 6
- 2 min read
Секоја голема приказна започнува со мала искра. Нашата започна дома – со две мали деца.Како родители, постојано баравме место каде што ќе можат безбедно да играат, да учат и да се развиваат, а ние да бидеме спокојни дека се во сигурна и чиста средина.

Игротеки има многу, но простор вистински прилагоден за најмалите од 1 до 5 години не е лесно да се најде. Простор каде што секој детал е осмислен според нивната возраст, нивната висина, нивното темпо на растење. Токму таа празнина нè поттикна да создадеме нешто свое. Не само бизнис, туку место родено од родителска љубов и лично искуство. Секој агол е создаден со едно прашање во мислите: „Дали би ги пуштиле нашите деца тука без грижа?“ Ако одговорот не беше целосно „да“, тогаш не беше доволно добро.
Посебно внимание посветивме на изборот на реквизитите. Голем дел од играчките се безбедни дрвени едукативни елементи, изработени од природни материјали и со нетоксични бои. Дрвото носи топлина, стабилност и издржливост, а воедно им овозможува на децата природно да ја истражуваат формата, тежината и текстурата. Нема случајно одбрани играчки – секоја има своја улога во развојот на моториката, логиката или креативноста.
Во просторот вклучивме и активности за сензорен развој, затоа што веруваме дека децата учат преку допир, движење и искуство. Различни текстури, форми и бои им помагаат да ја развиваат фината моторика, координацијата и концентрацијата. Преку игра со коцки, сортирање форми, балансирање и конструкција, тие ја градат самодовербата и способноста самостојно да решаваат мали предизвици.
Нашата цел не е само забава и родендени, туку квалитетно поминато време. Место каде што децата ќе се смеат, ќе се дружат и ќе учат едни од други. Место каде што родителите ќе можат да здивнат, да поразговараат и да уживаат во моментите додека нивните најмили безгрижно играат.Отворањето на игротека не беше лесен чекор. Имаше многу планирање, вложувања и непреспиени ноќи со мали деца.Но секоја насмевка, секој радосен извик и секое дете што си заминува среќно ни потврдува дека вредеше.Ова не е само простор за игра. Ова е место создадено од родители, со љубов и одговорност. Место каде што растат децата ,а заедно со нив растеме и ние.

+389 71 699 992









