Интервју со Маја и Христиан: Како „Научна кујничка“ ги претвора децата во мали истражувачи и самоуверени лидери
- Кидо Медо
- 1 day ago
- 3 min read
Updated: 23 hours ago
Во нашето најново интервју, ве запознаваме со креативниот тим зад „Научна кујничка“.

Маја, дипломиран професор по предучилишно воспитание и магистранд по педагогија, го внесува своето долгогодишно искуство во развојот на детската мисла, додека Христиан, доктор по стоматологија со длабоко познавање на лабораториската дејност, ја обезбедува прецизноста и автентичноста на научниот пристап.
Заедно, тие создадоа простор каде децата не само што учат за хемиските реакции и физичките закони, туку учат и како да не се плашат од грешките, како да работат во тим и како да ја градат својата самодоверба.
Разговаравме со нив за тоа како „Научна кујничка“ стана препознатлив едукативен бренд, зошто е атрактивна франшиза за претприемачите и како успеваат научната магија од нивната лабораторија да ја пренесат директно во домовите на нивните ученици.
Методологијата на работа на „Научна кујничка“ е развиена од тим на стручни лица од Универзитетот во Белград и е поддржана од Фондот за Иновации на Република Србија.
Како успевате да го најдете идеалниот баланс помеѓу забавата и сериозните едукативни цели?
За нас, забавата и учењето не се спротивности. Tие одат рака под рака. Кога работиме со децата, знаеме дека вниманието и нивното задоволство се најважни. Затоа експериментите прво ги привлекуваат со возбуда и игра, а потоа природно преминуваат во учење. Секоја работилница е осмислен така што децата активно работат и изведуваат експеримент. Ги охрабруваме да поставуваат прашања и самите доаѓаат до заклучоци. Ние веруваме дека кога детето се забавува, тогаш е и најподготвено да размислува, да анализира и да учи. Науката кај нас не е „предмет“, туку авантура.
Кои промени ги забележувате кај децата по еден циклус од програмата?
Најголемата промена е јакнење на самодовербата и развивање позитивен однос кон науката. Децата стануваат похрабри да пробаат, да згрешат и повторно да се обидат. Она што особено нè радува е што децата почнуваат да гледаат на грешките како на дел од процесот, а не како на неуспех. Тие пристапуваат кон проблемите со прашања наместо со страв, предлагаат сопствени решенија и логично ги објаснуваат своите идеи.
Често родителите нè информираат дека децата и дома почнале да „експериментираат“, не само со науката, туку и во размислувањето. Тоа е знак дека научиле дека секој проблем е можност за ново откритие.
Што сè вклучува искуството во „Научна кујничка“ освен експериментите?
„Научна кујничка“ е многу повеќе од лабораторија. Tаа е простор каде што науката се среќава со возбудата, тимската работа и емоциите. Децата работат во мали групи и изведуваат експеримети. Сакат да ги раскажуваат сопствените искуства, и учат да ги споделуваат своите идеи. На тој начин се развиваат ја развиваме креативноста, социјалните вештини и емоционалната интелигенција. За нас е важно децата да се чувствуваат прифатени, слушнати и охрабрени да бидат свои.
Како ги вклучувате родителите и како „научниот пристап“ продолжува дома?
Родителите се наши партнери во целиот процес. Преку постојана комуникација и домашните задачи во работните тетратки, тие имаат целосен увид за тоа што го работеле децата, зошто одреден експеримент е важен и како лесно може да се продолжи со слични активности дома. Нашата порака до родителите е дека не мора да „знаат сè“, туку само да бидат присутни и заинтересирани. Кога детето ќе почувствува поддршка, научниот начин на размислување станува природен дел од животот и научната магија продолжува и надвор од нашата детска лабораторија.

Што ја прави франшизата на „Научна кујничка“ привлечна за претприемачите?
Франшизата на „Научна кујничка“ е привлечна затоа што нуди повеќе од бизнис, нуди можност да се создаде вистинско влијание во заедницата. Станува збор за проверен едукативен концепт кој лесно се прилагодува на различни средини, а истовремено ги задржува своите јасни стандарди и вредности.
На нашите франшизни партнери им обезбедуваме целосна поддршка: од почетна едукација и методологија за работа со деца, преку подготвени програми и материјали, до континуирана стручна и менторска поддршка. Најважно од сè, градиме заедница од луѓе кои ја делат истата визија, да ја направат науката достапна, разбирлива и возбудлива за секое дете.
Која е следната граница за „Научна кујничка“?
Следната граница за „Научна кујничка“ е продлабочување на искуственото учење и отворање нови теми што се важни за растот и развојот на децата. Континуирано работиме на збогатување на програмите со нови експерименти и активности кои ја поттикнуваат љубопитноста, истражувачкиот дух и самостојното размислување. Ставаме акцент на одржливиот развој, екологијата и одговорниот однос кон природата, теми кои на децата им ги приближуваме преку практична работа, игра и реални животни ситуации. Нашата визија е „Научна кујничка“ да продолжи да расте како место каде што децата не само што учат наука, туку и градат вредности кои ќе ги носат со себе низ целиот живот.

Едукативен центар Научна кујничка - Карпош
📞078 259 767












