Приказната зад Kids Escape Room: Играта која ги учи децата на тимска работа и логика
- Кидо Медо

- Feb 4
- 3 min read
Kids Escape Room не е само простор за забава, тоа е место каде имагинацијата добива реална форма, а децата наместо само гости, стануваат главни протагонисти во возбудливи мисии. Преку спој на логички загатки, тимска работа и адреналинско искуство, овој концепт нуди одговор на вечното прашање: Како да се организира роденден кој е истовремено едукативен, безбеден и неизмерно забавен?
Денес разговараме со тимот зад овој проект за тоа како успеваат да ги обединат срамежливите и енергичните деца во една мисија, што подразбира нивниот „all-inclusive“ пристап и зошто по секој поминат час во нивните соби, децата си заминуваат со чувство на гордост и победа.
Која беше главната идеја зад отворањето на Kids Escape Room во Скопје, дали целта беше повеќе забава за децата или „спас“ од организациски стрес за родителите?
Идејата зад Kids Escape Room отсекогаш била комбинација од двете, но со јасен фокус – да се создаде искуство што функционира и за децата и за родителите. За децата на возраст од 6 до 13 години изборот за поинаков, содржаен роденден е прилично ограничен и често се сведува на исти концепти кои се повторуваат. Сакавме да понудиме нешто свежо и ново за децата – авантура што ќе ги возбуди и ќе ги ангажира.Во исто време, бевме свесни колкав организациски товар носат родендените за родителите, па затоа концептот е осмислен така што родителот да биде растоварен од планирање и стрес, а сепак да знае дека детето му има квалитетен и безбеден роденден.
Како вашите игри успеваат да ги обединат децата, да ги поттикнат срамежливите да се вклучат, а поенергичните да научат да работат како дел од тим?
Секоја игра во Kids Escape Room е дизајнирана како тимска мисија, а не како индивидуален предизвик. Загатките бараат различни пристапи како логика, истражување, набљудување, комуникација што значи дека секое дете може да придонесе на свој начин.
Срамежливите деца се чувствуваат побезбедно бидејќи нема притисок да бидат „во центарот“, а поенергичните природно ја насочуваат својата енергија кон тимската цел. Улогата на гејм мастерот е клучна, тука тие внимателно го балансираат текот на играта и се грижат сите деца да се почувствуваат вклучени.
Што е она што децата го добиваат во Kids Escape Room, а се разликува од класичните родендени?
Најголемата разлика е чувството на возбуда и мистерија уште од моментот кога децата ќе влезат во собата. Во Kids Escape Room просторот самиот по себе е дел од приказната, непознат, интригантен и полн со тајни што треба да се откријат. Децата не само што се забавуваат, туку чувствуваат вистинска радост со секоја решена загатка и со секој чекор поблиску до целта. Тоа чувство на „успеавме“ и адреналинот од решавањето на предизвиците е нешто што класичните родендени ретко го нудат и токму затоа искуството им останува во сеќавање, и впечатоците траат подолго. Децата си заминуваат горди, возбудени и уште со денови раскажуваат што решиле и како успеале како тим.
Колкава е улогата на вашите гејм мастери во текот на играта и колку нивното присуство му дава сигурност на родителот дека сè е под контрола?
Гејм мастерите се срцето на искуството во Kids Escape Room. Тие не се само надзор, туку активни водичи низ целата игра.Нивната улога е да го следат текот, да ги насочуваат децата кога е потребно и да обезбедат играта да тече мирно и организирано. За родителите, тоа значи сигурност дека сè е под контрола, но и можност тие навистина да уживаат во роденденот на своето дете, наместо постојано да се грижат за организацијата и динамиката.
Што вклучува вашиот „all-inclusive“ пакет и како гарантирате дека родителот навистина нема да има никаква обврска на денот на прославата?
„All-inclusive“ пакетите во Kids Escape Room се создадени со една цел – родителите на денот на роденденот да имаат нула обврски. Пакетите вклучуваат целосно организирано искуство, водена игра и роденденска торта, со што се елиминира потребата родителите да планираат, купуваат или носат нешто со себе.Практично, родителите треба само да ги донесат децата, сè друго е веќе подготвено и водено од нашиот тим.
Како ја гледате иднината на Kids Escape Room – дали планирате проширување на концептот и воведување нови искуства за децата?
Kids Escape Room го гледаме како концепт што има простор за раст и развој. Во иднина, фокусот ни е на проширување на искуството – преку нови соби, нови приказни и потенцијално нови формати на родендени и работилници кои можеби нема да бидат класични escape rooms, но ќе ја задржат истата возбуда, мистерија и чувство на авантура за децата.Наш приоритет останува квалитетот на искуството и реакцијата на децата, а сите следни чекори ќе се водат токму од тоа.

📞070 416 100















