top of page

Претприемништво за деца: Вештини за силна, креативна и емпатична иднина

Претприемништвото одамна не е резервирано само за светот на возрасните. Тоа е моќна алатка која ги подготвува децата и младите за успешен живот, без разлика на професионалниот пат што ќе го изберат. Во LittleBig Founders, веруваме дека претприемништвото ги учи децата на многу повеќе од само бизнис.



Што добиваат децата од претприемништвото?


  • Креативност и самодоверба: Преку претприемништвото, децата учат самостојно да размислуваат, да генерираат нови идеи и да веруваат во своите способности.

  • Предизвиците како можности: Ги прифаќаат пречките не како крај на патот, туку како шанси за учење, иновација и успех.

  • Будење на љубопитноста и проактивноста: Претприемништвото ја буди нивната љубопитност, ги претвора идеите во реални проекти и ги поттикнува за секој проблем да најдат решение.

  • Одговорност и тимска работа: Најважно е што во LittleBig Founders, ги поттикнуваме децата на одговорност за своите постапки и на ефективна тимска работа.

  • Нова дефиниција за успех: Заедно откриваат дека успехот не се мери само преку профитот, туку и преку неуспехот, повторното кревање, растењето, храброста да почнеш пак и со позитивен став да продолжиш напред.


Затоа претприемништвото за деца!

За вештини кои ќе креираат силна, креативна и емпатична индивидуа.


Во продолжение се неколки совети за тоа како да ги поттикнете децата да размислуваат претприемачки:


  1. Откријте во што се добри: Помогнете им да ги идентификуваат нивните таленти, страсти и вештини. Секоја страст може да биде основа за еден „проект“.


  2. Запознајте ги со вистински претприемачи: Читајте приказни за успешни луѓе (и за нивните неуспеси!), или, ако е можно, организирајте кратки средби или интервјуа со локални претприемачи.


  3. Научете ги колку се моќни идеите: Поттикнете ги да запишуваат идеи, да размислуваат како да подобрат нешто во своето училиште или маало, и да сфатат дека секоја голема работа започнала со една мала идеја.



Давајќи им ги алатките на претприемништвото, на децата им даваме моќ да ја креираат сопствената иднина.


📞070 800 651 и 070 503 001

Бул. Партизански Одреди 6/1 Скопје, Македонија, до Соборниот Храм

bottom of page