top of page

ПРЕДИЗВИК: #КакоМОЖЕ да го разбиеме магичниот круг кај децата - не ми се чита, не читам!


Ќе почнам со една од моите омилени изреки од Петре М. Андреевски: „Да се прочита макар една добра книга е како да си украл нечие туѓо време и со него да си го продолжил своето.“


И навистина, читањето е како разговор со авторот - разговор во кој тој или таа ни го дава најдоброто од себе.Зад секоја книга се кријат часови и денови на истражување, читање, размислување, препрочитување, сублимирање, дотерување, полирање, понекогаш поедноставување, а понекогаш и намерно задлабочување.

Но… да бидеме искрени - времето во кое живееме е многу брзо. Читањето често е првата „жртва“ на секојдневието.

И јас го почувствував тоа. Особено кога за првпат станав мајка.Одеднаш, немав време да читам. Или поточно - немав време да читам онака како што читав пред да имам бебе.

Тогаш, седнав и си направив една брза математика. И знаете што? Таа математика ми го промени начинот на кој гледам на читањето. Сега ја споделувам со вас, заедно со повикот да се вклучите во мојот 4-неделен Читачки предизвик - за деца и ГОЛЕМИ, сами или со вашите деца.


Брзата МАТЕМАТИКА за читање:

  • Просечен возрасен чита околу 200 зборови во минута.

  • На една страница од книга има приближно 300 зборови.

  • Ако читате само 15 минути дневно, тоа се околу 10 страници на ден.

  • Ако останете доследни и читате секој ден цела година → ќе прочитате 3.650 страници.

  • Поделено со 250 страници по книга → тоа се 14 книги годишно, плус почеток на петнаесеттата!


Ако се држите до овој 4-неделен предизвик, веројатно конечно ќе ја прочитате токму онаа книга која одамна ве чека на полицата, онаа која „ви зборува“ кога ќе минете покрај неа (не знам за вас, ама кај мене тие книги ми зборуваат гласно).

Симнете Читачкиот предизвик — за ГОЛЕМИ и мали ➡ https://anasaltirova.mk/predizvici/.



Читањето е многу повеќе од навика

За нашите деца, а и за нас, читањето не е само навика или обврска од училиште.Тоа е пат кон нови светови и идеи што остануваат засекогаш со нас.

НО, реалноста денес е поинаква. Книгите имаат силна конкуренција - телефони, видеа, социјални мрежи…


Истражувањата велат дека колку помалку децата читаат, толку потешко им е да почнат да читаат. А познатиот маѓепсан круг:

  • Колку помалку читаат → толку помалку им се допаѓа.

  • Колку помалку им се допаѓа → толку помалку читаат.


Да бидеме пример!

Да бидеме тие што ги инспирираат децата да читаат - со книга во рака, а не само со зборови. Да ги научиме на „брзата математика“ за читање.


Џокер од мојот ракав:

  • кај децата брзата математика ја споредувам со времето што го поминуваат пред екраните,

  • за секоја прочитана страница добиваат по 1 денар, а завршена книга е 100 денари – со тие пари може да си купат нешто мало што јас обично не би го купила (уште едно украсно пенкало… 😊)

  • често ги предизвикувам да ставиме тајмер на 10 минути и да видиме кој ќе прочита повеќе страници.

Се радувам да ги чујам и вашите џокери, секое семејство има свои мали магии кои прават големи разлики.

А кога сме веќе кај ритуалите… празниците се идеален момент да создадеме нов. 


Па ве предизвикувам вас – оваа година во празничните пакетчиња, покрај играчките и слаткиот хаос, да ставите и нешто што ќе остане подолго од 5 минути: буква, приказна, момент на поврзување.

Во многу домови токму инетактивната книгата #Благодарам стана таа мала искра што го собира семејството заедно. Не затоа што е книга „за читање“, туку затоа што отвора простор за квалитетен разговор со децата. Со оваа книга, родителите добиваат можност да зборуваат со своите деца за среќата, добрината, малите моменти, благодарноста… да го слушнат нивниот внатрешен свет и да им помогнат да ги изградат вистинските вредности.

Празниците и зимскиот распуст се совршено време да започнете нов ритуал на благодарност – нешто што ќе ја обои целата година што доаѓа.


Книгата #Благодарам можете да ја најдете тука.

Дозволете празниците да донесат малку повеќе топлина, а помалку брзање. И почнете ја новата година со зборови што остануваат. 💛


А ако ви значат вакви мали, применливи идеи…

Ако и вие сакате вакви предизвици, ритуали и „мали трикови“ што прават големи разлики во секојдневното родителство – без да поминувате часови истражувајќи по интернет или копајќи по книги – тогаш можеби #КЛУБзаРодители е место каде ќе се почувствувате „како дома“.

Во #КЛУБзаРодители споделуваме токму вакви идеи, мал чекор по мал чекор и секогаш со фокус на развивање животни вештини што им се потребни на децата (а и на нас) за еден ден полесно да влезат во светот на големите.

Не затоа што родителството треба да биде „совршено“, туку затоа што заслужува да биде свесно. 💛


Ако ова размислување ви е блиско – знаете каде може да нè најдете.


Aна Салтирова Давидовски

bottom of page