Ана Салтирова Давидовски е магистер по менаџмент на човечки ресурси, NLP тренер и coach, тренер за личен и организациски развој, автор и искусен HR професионалец кој од 2005 година расте и твори во HR светот. Покрај активната работа на развој и испорака на компаниски обуки за меки вештини, ја покрена кампањата #ЛиченИЗБОР – програма што ги подготвува сегашните и идните (децата) вработени за успех во „светот на големите“. Во рамките на кампањата создава материјали (книги, е-книги, планери, игри, карти, предизвици…) за личен развој и за родители/деца, со цел развој на животни вештини потребни за успех во „светот на големите“. Таа е основач и на #КЛУБзаРодители каде сите овие работи се покриваат од родителскиот агол.
1. Книгата #Благодарам е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Во првата година се најде на листата на 20 најпродавани книги преку KupiKniga.mk, сега е во трето издание со фондот за дисклексија
2. Книгата 50+ идеи #Благодарам е креирана со желба да биде поддршка во зацврстувањето на навиката на искажување на благодарност, во неа ќе најдете идеи за игра или активност за секоја недела од годината.
3. Kако вежбате решавање на проблеми? Дали воопшто вежбате решавање на проблеми? Дали меѓусебно зборувате за проблемите кои ги имате, барате ли поддршка или…
Kартите и коцките #КакоМОЖЕ одлично се вклопуваат и на компаниските, а и на семејните состаноци и разговори.
4. ПЛАНЕР за СРЕЌНИ родители во кој ќе го следат својот раст како родители, своите успеси и научени лекции како и свесно планирање на искуствата кои сакаат да ги имаат со своите деца.
5. Планер ЗА... е како да инсталирате апликација за себе-подобрување, си поклонувате време за свесен развој нив водена методологија која докажано работи, не ако знаеме за нет туку ако постапуваме по неа.
top of page
ден500,00Price
bottom of page
