Подготвени за нов живот: што навистина ни треба пред да дојде бебе?
- Кидо Mедо

- Aug 6
- 2 min read
Updated: Aug 7
Доаѓањето на бебе е еден од оние моменти што целосно го менуваат светот. Чувствувате радост, страв, љубопитност и имате илјада прашања. Што треба да имаме дома? Колку работи навистина ни се потребни?
Што е важно, а што е само „убаво да се има“?
И токму тука, многумина од нас сфаќаат дека не се работи само за список со предмети, туку за емотивен пат. Пат полн со први насмевки, први ноќи без сон, први бакнежи и први грешки.

Купување со срце
Сѐ повеќе семејства денес избираат да не купуваат нови производи, туку да се потпрат на втора рака опрема и облека. Не само поради буџетот туку и поради емотивната вредност што ја носат тие предмети. Секое мало боди, секоја лажличка или количка има своја приказна. И наместо да заврши заборавена, ѝ се дава нов живот.
Ова не е само практично туку е избор со свест. Избор кој штеди ресурси, но не и љубов. Кој го почитува минатото, но и му отвора врата на нов почеток.
Токму затоа постојат места како ШТРК, каде што не се продаваат само производи, туку се споделуваат спомени. Парчиња што веќе биле дел од нечие семејство сега се подготвени за нов дом, нова прегратка и нова приказна.
Што ни треба пред да стигне бебе?
Еве еден корисен водич, направен врз основа на искуства на родители. Не сѐ е неопходно, но сѐ може да помогне:
🍼 ОПРЕМА
количка
транспортер
релаксатор*
слинг марама или кенгур
зимска вреќичка за количка
* Неопходноста зависи од стилот на живеење.
🛏️ СОБА
креветче + душек
чаршави и постелнина*
комода со подлога за преповивање
термометар
бебифон или видеофон
гнездо за спиење
вреќичка за спиење
ноќно светло или шумиш
* Внимавајте со додатоци во креветче. Јорганчиња и оградици може да бидат ризични за безбедност.
🛁 БАЊА
када со адаптер
сад за полевање
термометар за вода
пешкирче или бањарка
бебешка купка*
прашок за перење/омекнувач*
* Секогаш проверете со педијатар што е соодветно за типот на кожа.
🌿 НЕГА
пелени
влажни марамчиња
интимна крема
јекодерм или бебешка крема
стерилни гази и 70% алкохол за папче
ножички, чешел, четка
термометар
аспиратор за нос
термофор
🍽️ ИСХРАНА
шишиња
цуцла лажливка*
стерилизатор
греач за млеко
четка за миење шишиња
прибор за 6м+
лажички
* Не купувајте веднаш многу, не секое бебе прифаќа цуцла.
👶 ОБЛЕКА
бодиња
пижами/шпихозни
капчиња и чорапчиња
лигавчиња
тетра пелени
пелена за широк повој*
* По консултација со педијатар и ортопед.
🤱 ЗА МАМА
градници за доење
влошки и крема за брадавици
гаќи за после пороѓај
пумпа за млеко
перница за доење
торба за пелени
поспородилен појас*
баба <3
* Сѐ зависи од текот на породувањето и потребите на мајката.
И најважно од сѐ: подгответе се со љубов...
Како што кажа една мајка:
„Пред да дојде бебе треба да имаме: разбирање, трпение, отворен ум за откривање, учење и прифаќање на сѐ што не знаеме.“
Затоа, ако имате можност, размислете да купите дел од работите втора рака.
Во ШТРК можете да најдете многу од овие производи. Внимателно избрани, проверени и подготвени да бидат дел од вашата нова фаза.
Изберете одговорно, направете разлика, секој купен продукт втора рака е чекор кон поздрава планета.









