Дали децата денес се „тешки“, или... живеат во поинаков свет со поинакви очекувања и потреби
- Кидо Медо

- 6 days ago
- 3 min read
Updated: 5 days ago
Ако некогаш си си помислилa:„Ние не бевме вакви како деца…“ не си во заблуда.
Но, прашањето не е дали децата се смениле. Прашањето е: дали ние, возрасните, се менуваме доволно брзо за да ги разбереме?

Како HR професионалец, со години зборувавме за генерации. Денес истата таа поделба ни помага подобро да ги разбереме децата дома, не само луѓето на работа, а и да ги подготвивме за на работа.
Генерација X – дисциплина, лојалност, „работи и трпи“
Генерација Y (Millennials) – смисла, фидбек, баланс
Генерација Z и Алфа – и тука почнува вистинскиот пресврт
Овие генерации не се „проблем“, тие се огледало на светот што ние го создадовме.
Кратка мапа на генерациите (за ориентација, не за етикети)
Генерација X (1965-1980)– стабилност, одговорност, авторитет– научени да издржат и да не прашуваат многу
Генерација Y (Millennials) (1981-1996)– желба за смисла и флексибилност– бараат баланс меѓу работа и живот– силна потреба за признание и развој
Генерација Z (1997-2012)– израснати со интернет и социјални мрежи– висока емоционална чувствителност– брза обработка на информации, краток фокус– не прифаќаат „затоа што така кажав“– бараат автентичност, прифаќање и смисла
затоа реагираат повеќе на тон отколку на зборови.
Генерација Алфа (од 2013)– родени во свет на екрани и AI– визуелни, интуитивни, „брзи процесори“– потешко поднесуваат чекање и фрустрација– најмногу им треба чувство на сигурност– учат преку игра, искуство и однос– не реагираат на казна – реагираат на врска
затоа присуството на возрасниот им значи повеќе од методот.
Ова не се дијагнози. Ова се услови во кои растат.
Ако сето ова го собереме на едно место, разликите меѓу генерациите изгледаат вака…
Генерација | Како растеле | Што им е најважно | Како учат најдобро | Што им треба од родител |
Gen X | Структура, правила, самостојност | Сигурност, јасни рамки | Преку искуство и одговорност | Доверба + простор за емоции |
Gen Y | Дијалог, охрабрување | Смисла, баланс | Преку повратна информација | Поддршка без перфекционизам |
Gen Z | Дигитален свет, брзина | Автентичност, прифаќање | Преку однос и интеракција | Слушање пред совет |
Gen Alpha | Екрани, AI, стимул | Сигурност, присуство | Преку игра и движење | Смирен родител и однос |
А каде се бабите и дедовците во оваа приказна?
Многу од нас сме растени од Baby Boomers (1946–1964) – генерација на дисциплина, издржливост и почит кон авторитет. Тие денес често се баби и дедовци кои помагаат, се грижат и се вклучени во животот на нашите деца.
Нивната сила:
стабилност
чувство на припадност
искуство
Предизвикот:
поинакви воспитни модели
различно разбирање на емоциите
Да не ги исклучуваме туку да ги разбереме и да ги поканиме во „новиот“ разговор каде можат многу да дадат ако им се даде можност и поддршка.
Со што навистина се соочуваат новите генерации?
Пократок распон на вниманиеНе затоа што „не сакаат“, туку затоа што светот нуди брзи награди на секој чекор и го тренира нивното внимание.
Послабо развиени социјални вештиниНе затоа што не им е грижа, туку затоа што односите често се дигитални, не живи, па немаат можност.
Поголема анксиозност и притисокОчекувања, споредби, брзина – сè одеднаш, во период кога мозокот не го поддржува тоа затоа што и самиот не е целосно развиен.
Овие предизвици не се карактерни слабости, туку логичен одговор на светот во кој растат затоа овие деца не бараат построги родители, наставници или лидери, тие бараат посвесни возрасни. Старите модели не даваат резултати, не затоа што децата не се „добри“, туку затоа што се поинакви.
Да погледнеме и околу нас истото го гледаме и во компаниите:
мотивацијата не се гради со притисок
довербата не се создава со авторитет
потенцијалот не се вади со страв
Зошто тогаш дома и во училиштата би очекувале поинаков резултат?
Што значи свесна поддршка денес?
Тоа значи:
да знаеме како размислуваат и процесираат
да изградиме однос на сигурност и доверба
да научиме регулација на емоции – наши и нивни
да комуницираме јасно, смирено и со почит
да бидеме поддршка, не уште еден притисок
И тука NLP методологијата и coaching пристапот и имаат огромна вредност – не само како техника, туку како начин на гледање на детето како целосна личност.
#КЛУБзаРодители – место за родителите кои сакаат да ги пресретнат новите генерации таму каде што се и да им бидат поддршка и ветер во грб додека и самите учат вештини кои ќе можат да ги применат и во родителството и во деловното окружување.
Клубот не е затоа што „нешто не е во ред“ со децата или со нас родителите, туку затоа што светот е нов, а старите мапи не се доволни, ни требаат нови ресурси со кои ќе одговориме на новите околности.
Во Клубот:
учиме како да ги разбереме разликите
како да извлечеме најдоброто од секое дете
како да градиме односи, а не борби
како да направиме позитивна разлика – за децата, за нас
Ова е простор за родители на мали деца, тинејџери, па и возрасни деца.Затоа што родителството, исто како и личниот развој, не е дестинација – туку патување.
А ако сакаме подобар свет „на големите“, почнуваме – дома.


