Колку се моќни идеите? Дали некогаш сте се запрашале како нашите идеи влијаат на нашето секојдневие?
- Кидо Медо

- 5 days ago
- 2 min read
Во последно време често размислувам на оваа тема, особено преку часовите со децата во LittleBig Founders.
Кога ќе ги запрашам:
Што те прави тажен во училиште?
Што најмногу ти пречи во другарството? Како успеваш да ги постигнеш сите обврски во текот на денот како училиште, дополнителни активности, учење, нормално нервозни ситуации дома и надвор? - како едвај да чекале некој да ги праша.

Веднаш почнуваат да споделуваат. Да раскажуваат.
Додека ги слушам,си помислувам колку често решението за нивните проблеми е едноставно. И колку брзо би можело да се најде. Но намерно пдлучувам да молчам - да оставам нивните другарчиња да им помогнат.
Токму тука се гледа моќта на идеите. Идеи споделени од деца со деца. Поддршка што си ја даваат меѓусебно,дури и за наједноставни проблеми.
Решенијата доаѓаат во најразлични форми: преку сочувствување,преку конкретни чекори како да се реши провлемот,или преку споделување на слично искуство.
Заедно размислуваат, заедно решаваат.
Дури и кога не се наоѓа совршено решение, сите си заминуваат задоволни, и тие што го споделиле проблемот,и тие што помогнале. Овие идеи на поддршка се бесценети.
Затоа знаењата што ги поттикнуваме кај децата - преку најосновните животни вештини како што се критичко размислување, носење одлуки, градење отпорност, прилагодување, емпатија и градење однос- се нешто што мора да се научи од најрана возраст.
Децата треба да научат да бидат емпатични, да превземаат иницијатива, да истраат во решавањето на проблемите и да веруваат во сопствените идеи.
Кога се заедно, тие споделуваат. Кога споделуваат, заедно наоѓаат решенија.
И токму таму гледаме како нашите деца растат во вистински луѓе.
Тоа е моќта на идеите. И токму тоа е идејата на LittleBig Founders.
Jaна Џеков
Program Manager во LittleBig Founders.

📞070 800 651 / 070 50 3001
Бул. Партизански Одреди 6/1 Скопје, Македонија
до Соборниот Храм


