Од финански сектор до креативност и едукација: Запознајте ја Маја од Jumping Clay Македонија
- Кидо Медо

- Nov 28
- 4 min read
Денес разговараме со Маја Филипова, жената која стои зад успешната приказна на Jumping Clay Македонија. Нејзиниот професионален пат е инспиративен премин oд финансиска институција во светот на детската едукација и креативност.
„Како мајка на две деца, во процесот на нивното растење, секогаш сум се трудела да ја развијам нивната креативност. Првата моја средба со Jumping Clay беше остварување на моите соништа. Концептот ме одушеви и се одлучив да влезам во таа приказна... Сфатив дека ова е вистинскиот животен пат за мене.“
Од 2017 година, Маја посветено ја гради оваа приказна, претворајќи ја нејзината мајчинска грижа и страст во успешна франшиза.
Во продолжение, ќе дознаеме повеќе за тоа што ја прави Jumping Clay толку уникатна и каква е визијата на Маја за иднината на креативната едукација кај нас.

Jumping Clay е меѓународна франшиза присутна во многу земји. Колку долго сте присутни во Македонија и што ја прави вашата глина и техника толку уникатна и различна во однос на класичните материјали за моделирање?
Техниката со која работиме е развивана долги години од страна на "Jumping Clay institute of art". Таа е исклучително специфична и е создадена специјално за развој на сите потребни вештини во процесот на учењето. Единствено може да ја практицираат сертифицирани инструктори-едукатори, кои се сертифицирани од страна на Jumping clay Makedonija. Од 2024 пораснавме во супер мастер франшизер. Со нашето 8 годишно искуство станавме лидери во развојот на креативноста на децата.
Нашата весела глина (како што ја нарекуваат децата) Jumping Clay, создадена по 25 години темелно истражување и развивање, по што основачите дошле токму до оваа полимерна смеса за моделирање, која е уникатна и иновативна.
Освен тоа, глината има над 20 светски сертификати за нетоксичност и квалитет.
Знаеме дека денешните деца сè помалку работат со раце, а истражувањата покажуваат значителен пад на фините моторни вештини поради екраните. Како Jumping Clay директно одговара на овој проблем и кои се конкретните придобивки од работата со вашата глина за моторниот и когнитивниот развој?
Работата со глината Jumping Clay промовира фини моторни вештини и координација на очите и рацете. Со нејзино користење, децата на забавен начин ги учат основните форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина, учат како да ги мешаат боите, го потикнуваат развој на говорот и социјалните интеракциски вештини.
Џампинг клеј има одлична примена во образовни, забавни и терапевтски активности.
Многу педагози, психолози, логопеди, дефектолози, кај нас и во светот ја потенцираат важноста и потребата од мануелната работа кај децата, посебно низ концептот УЧИМЕ НИЗ ИГРА. А тоа е нашата главна карактеристика.
Низ процесот на учење на нашата специјална техниката , децата ги изработуваат сопствените играчки, вежбајќи ја моториката, концентрацијата,фокусот и уште многу други вештини.

Која е разликата помеѓу часовите и тематските работилници и родендени?
Многу е важно да потенцираме дека нашите активности се поделени на неколку групи.
Изучување на техниката во рамки на образовните институции како вонучилишни активности. Еднаш неделно по еден час. Децата преку игра ја изучуваат техниката и изработуваат месечни проекти. Кога ќе се заврши проектот на среќата и нема крај.
Тематски саботни работилници кои се неверојатно интересни. Работиме на веќе зададена тема и изработуваме композиции со повеќе детали. Тука ја развиваме креативноста, а имаме и дружење помеѓу децата кои се со различна возраст и се од различни средини. Возраста е 5+.
Jumping Clay единствени креативни родендени кои децата ги обожаваат. Тие траат 2 часа, а главната активност е изработка на трајни фигури од глина. Вообичаено се ставаат на магнет или приврзок и секое дете си ја носи фигурата дома како подарок од славеникот. Славеникот ја избира темата односно фигурите кои ќе се работат на роденденот.
Како Jumping Clay помага во развојот на друштвените интеракциски вештини, како и на когнитивните вештини како набљудување и самостојно размислување?
Работата со глината Jumping Clay промовира фини моторни вештини и координација на очите и рацете. Со нејзино користење, децата на забавен начин ги учат основните форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина, учат како да ги мешаат боите, го потикнуваат развој на говорот и социјалните интеракциски вештини.
Преку учењето по пат на набљудување, со истражување и анализирање, децата откриваат нови начини на решавање на проблемите што се засновани на нивната перцепција.
Подобрување на друштвените интеракциски вештини кога се работи во група.
Поттикнување на љубопитноста, набљудувањето и самостојното размислување.
Која е вашата долгорочна визија за Jumping Clay Македонија? Како планирате да го проширите вашето влијание и да станете уште позначаен фактор во подобрувањето на едукација кај нашите деца?
Jumping Clay Македонија како супер мастер франшизер, ја има можноста за проширување на оваа креативно-образовна франшиза, во Македонија и надвор од неа.
Иднината на Jumping Clay, ја гледам во вклучувањето во сите предучилишни и училишни институции каде што би била изучувана техниката. Секое дете треба да има можност да ја изучува нашата техника,за подобро развивање во процесот на растење и учење.
Исто така соработката со логопеди и дефектолози е од клучно значење во процесот на учењето на дечињата со специфичен развој. Веќе голем број од нив ја користат нашата глина во процесот на нивната работа.
📞078 309 559















