Од породилно отсуство до успешен бизнис кој спојува игра и семејно уживање: Aлександра за Bubbles Kids Club & Coffee
- Кидо Медо

- Nov 6
- 4 min read
Денес имаме чест да разговараме со една инспиративна жена, која успеа да ги спои претприемништвото, мајчинството и љубовта кон играта во уникатен концепт. Александра Ристовска, основач на Bubbles Kids Club & Coffee, е вистински пример дека најдобрите бизнис идеи често се раѓаат од најдлабоките лични искуства.
Како дипломиран економист, искусен дигитален маркетер и, што е најважно, посветена сопруга и мајка, Александра ја преточи својата визија за идеално место за децата каде играта е учење, а родителите имаат момент за себе. Bubbles Kids Club & Coffee не е само игротека; тоа е простор создаден со „душа“ и голема посветеност на едукацијата и среќата на семејството.
Тоа што веднаш ќе ви го привлече вниманието во Bubbles Kids Club & Coffee е ентериерот – простор исполнет со весели бои и внимателно одбрани реквизити и играчки кои го развеселуваат времето на игра. Игротеката е специјално изработена да опфати повеќе возрасти, нудејќи катчиња и активности кои се прилагодени на развојните фази на секое детенце.
Како започна вашата претприемничка приказна со Bubbles Kids Club & Coffee и што ве мотивираше да се впуштите токму во светот на детската игра и едукација?
Идејата се роди додека бев на породилно отсуство. Гледајќи го моето дете како расте, сфатив колку е важно да има средина која поттикнува креативност, социјализација и истовремено обезбедува безбедност и чистота. Сакав место што ќе обедини и деца и родители – игра за најмалите и релаксација за возрасните. Така се роди Bubbles Kids Club & Coffee – како симбол на балансот меѓу семејството, играта и заедништвото.

Како сопруга и мајка, со какви предизвици се соочивте додека го подготвувавте овој простор и како успеавте да ги надминете?
Најголемиот предизвик беше времето – како да се биде и мајка, и сопруга, и во исто време да се работи на идејата. Апсолутно и со моменти на замор, неизвесност и страв, милион прашалници но знаев дека го сакам. Поддршката од сопругот и семејството ми беше клучна, како и вербата дека правам нешто поразлично.
Игротеката нуди активности за деца од различна возраст. Како ги прилагодувате активностите и роденденските забави за да одговараат на различни развојни фази?
Гледаме да се осмислени според возраста и интересите на децата. За најмалите имаме катчиња за сензорна и моторна стимулација, додека за постарите подготвуваме креативни работилници, тимски активности, диско забава. Роденденските забави се трудиме да ги персонализираме – секое дете заслужува уникатен ден по негова мерка, со теми, украси и игри кои го одразуваат неговиот свет.
Кои активности ги сметате за највредни за социјалниот и менталниот развој? Според мене активности кои поттикнуваат тимска работа, креативно размислување и самодоверба. На пример, заеднички игри, игри со коцки, уметнички работилници и мини-натпревари каде сите се победници. Тие не само што ги забавуваат децата, туку ги учат на емпатија, трпение и самостојност. Организираме разни работилници со лица стручни во нивните области и се трудиме да се забавуваме но и да научиме по нешто.
“За почнување сопствен бизнис не треба да се чека „совршен момент“ – тој не постои. Ако нешто ве радува и ви ја полни душата, вреди да пробате!“
Хигиената е особено важна кога станува збор за деца. Какви мерки преземате за дезинфекција и одржување на просторот чист и безбеден за најмалите?
Хигиената е апсолутен приоритет. Играчките и реквизитите се дезинфицираат секојдневно, а подовите се чистат со еколошки и безбедни средства. Имаме чист, безбеден и климатизиран простор и јасно дефинирани хигиенски протоколи. Доста често добиваме пофалби од родителите и коментари дека токму чистотата и уредноста се првото нешто го забележуваат.
Кои се најчестите коментари или фидбек од родителите. Што најмногу ги фасцинира или им влева доверба во вашиот простор?
Најчесто велат дека Bubbles Kids Club & Coffee е место со „душа“. Им се допаѓа атмосферата, љубезноста на персоналот и чувството на сигурност. Bubbles Kids Club & Coffeeе "клубче", децата се големо друштво кај нас и навистина е забавно:) Имаме повеќе катчиња за игра, поделени според возраста и интересите и каде со сигурност се пронаоѓа секое детенце. Активната игра не е само забава – тоа е клучот за здрав раст, градење самодоверба и учење! Родителите ценат што децата не само што се забавуваат, туку и учат нешто ново преку работилниците кој ги организираме. А најубавиот комплимент се редовните посетители и навистина многуте роденденски забави за кој сме бескрајно благодарни – тоа значи дека сме ја оправдале довербата.
Kоја е вашата порака до другите жени, особено мајки, кои имаат идеја или желба за сопствен бизнис, но сè уште не направиле храбар чекор?
Да не чекаат „совршен момент“ – тој не постои. Мене ми требаше многу време и многу размислував, бидете поодлучни. Ако нешто ве радува и ви ја полни душата, вреди да пробате!
Работно време:
Понеделник - сабота 10:00 -22:00
Недела 12:00 - 22:00
📞070 297 759
















