top of page

Од маркетинг до кетеринг: Интервју со Марија Саздовска и приказната за „Тетка Биберче“


Кетеринг „Тетка Биберче“ е еден од брендовите кои веќе 15 години успешно ја преземаат обврската за креирање на уникатни трпези, фокусирајќи се на квалитетна домашна храна.


За да ја откриеме приказната зад успехот, разговаравме со Марија Саздовска, основачката на „Тетка Биберче“. Марија, иако магистер по маркетинг, заедно со нејзината мајка, во 2010 година ја започна оваа претприемачка авантура, преточувајќи ја љубовта и посветеноста во нешто креативно.



Како започна приказната за „Тетка Биберче“ и како се развива низ годините?

Приказната за Кетеринг Тетка Биберче започна во 2010 година кога јас и мојата мајка решивме да изградиме наш бренд, нешто во што целосно ќе се вложиме и во кое ќе ја истуриме целата наша љубов и посветеност.

Јас сум економист и магистер по маркетинг, но никогаш целосно не се пронајдов во економијата како моја професија. Секогаш сум гравитирала кон креативните дејности, во кои рачната работа е клучна, каков што е случајот со кетеринг услугите. За среќа животот ми ги донесе и сите прекрасни колеги кои во дел од постоењето на Биберче вложија многу од себе и сметам дека го направив вистинскиот избор.


ree

Вие сте женски тим кој готви со љубов. Колку е важно за Вас што традицијата, знаењето и рецептите се пренесени од мајка на ќерка, и дали тоа внесува посебна динамика во Вашиот работен процес?

Кетеринг услугите кај нас стануваат се поактуелни, што е правопропорционално со зголемувањето на обемот на обврските кои луѓето ги имаат. Тука сме да ги превземеме обврските за приготвување на храна и послужување на истата, како и декорирање на самите трпези во согласност со желбите и барањата на клиентите.

Нашите услуги подеднакво ги користат компаниите и потрошувачите кои за себе организираат свадбена веселба, роденден, слава, матурска прослава, дипломски и магистерски прослави и сл.


Кетеринг Тетка Биберче се грижи подеднакво за сите и навистина на сите им се радуваме многу во процесот на планирање. Посебно сме среќни кога клиентите ни даваат слобода во организацијата на трпезите и изборот на храна која ќе се послужи, бидејќи тогаш можеме максимално креативно да се изразиме.


Во време кога брзата храна е сѐ поприсутна, вие се фокусирате на квалитетна домашна храна. Како ги избирате состојките и што е најважно при приготвувањето на оброците за детски родендени и други прослави?

Од нас се бара вкусна, тазе приготвена храна, која изгледа убаво, а треба да се испорача на конкретна локација во точно определено време, со квалитетна послуга. Сето тоа е навистина тешко да се изведе беспрекорно, но нашиот приоритет на максимално задоволување на секое барање на клиентите ни овозможува добро позиционирање на пазарот, што го осигурува нашиот раст во иднина. Кетеринг услугите како и целокупната угостителска дејност денес подлежи на цврсти и конкретни законски регулативи, кои се предизвик да се исполнат.

ХАСАП стандардите се она што секој угостителски објект мора да го почитува секојдневно, првенствено за да се заштити себеси од грешки, кои може скапо да го чинат истиот. Безбедноста на клинтите секогаш мора да биде на прво место. Подготвувањето на храна за било каков настан одзема значително многу време и енергија. Сепак тоа е креативен процес во кој мора да уживате, во спротивно оној за кого сте ја приготвиле храната истото веднаш ќе го забележи. Сите посакуваат уникатна и внимателно осмислена трпеза на која е послужена вкусна храна, за што ние максимално се грижиме.


ree

Кој е најнеобичниот или најдрагиот кетеринг концепт што го имате реализирано, особено кога станува збор за детска прослава?

Инсистираме на единствени и креативни детски родендени, нежни свадбени трпези и богати и убаво организирани деловни настани.

Приготвуваме секаков тип на храна за сите можни прослави и поводи. Сепак мојот омилен тип на кетеринг се детските родендени, во кои максимално учествувам и за кои јас многу се грижам. Секогаш сакам децата да бидат среќни и сум презадоволна кога на нивните лица ќе видам широка насмевка кога ќе ги видат сенвичињата со нивните омилени јунаци на трпезите и ќе не запрашаат дали се тие солени или благи.

До сега низ годините сме сработиле илијадници детски родендени, дел од нив со многу интересни теми, но најголем впечаток ми оставија Мапет Шоу роденденот, Мини Маус темата, темите со “ѕверчиња” ми се посебно драги, сме работеле родендени со тема Бубамара, пеперутки, пчелки, Стар Ворс роденденот, Минионс и многу други.


Што е најголемиот предизвик со кој се соочувате во кетеринг бизнисот, и што, од друга страна, Ви носи најголемо задоволство и потврда дека си ја работите работата како што треба?

Се си има своја специфика во организацијата и не би можела да издвојам што нам ни е најтешко за организација. Нашата компанија подеднакво многу време и енергија троши за секој тип на настани и секој настан е сработен со многу љубов. За организација на квалитетна кетеринг услуга клучно е да го имате вистинскиот тим околу себе.

Тимот на Кетеринг Тетка Биберче е во најголем дел женски и таа женска енергија е нешто што навистина дава печат на нашата работа, во смила на тоа дека храната е најчесто доста нежно и со многу детали сервирана.

Нашиот тим не само што е целосно професионален, туку и подготвен во секое време да го даде својот максимум се со цел потрошувачите да бидат комплетно задоволени. Опрема е потребна, но е секаде и секогаш е иста или во најмала рака слична. Луѓето се она што ја прави разликата и каде ние ја влечеме најголемата предност, за што бескрајно им благодараме.



Каде се гледа „Кетеринг Тетка Биберче“ во наредните пет години? Дали планирате проширување на менито, воведување нови услуги или задржување на фокусот само на домашната храна со љубов?

Како и сите професионалци, секако се грижиме да бидеме во тек со светските текови и трендови во нашата дејност. Иако типот на храна кој е баран во Македонија значително се разликува од храната која вообичаено се послужува во странство, секако дека се трудиме дел од светските трендови да инкорпорираме во нашите менија. Сепак следењето на трендови не е она што е наш приоритет.

Начинот на кој ние ја послужуваме храната сметам дека е единствено специфичен за нас, за што многу се радувам. Дел од клиентите тоа го дефинираат како креативно, дел како домаќински, дел како софистицирано, но нам сето тоа убаво ни звучи.


За пет години се гледаме уште подобро позиционирани на пазарот, побројни како тим и со уште посреќни клиенти околу нас 🌼


Контакт:

📞075 666-737 и 075 355-511


bottom of page