top of page

Не ги учиме ШТО, туку КАКО да мислат! Добредојдовте во Научна Кујничка!

Updated: Feb 5

„Слушам и заборавам, гледам и запомнувам, еспериментирам и разбирам“

Едукативниот центар од областа на природните науки „НАУЧНА КУЈНИЧКА“ нуди единствен и современ начин за децата од предучилишна и рана училишна возраст да усвојуваат основни, но и сложени научни концепти преку практичен пристап, поттикнувајќи го нивното активно учество.



Нудиме различни атрактивни и забавни активности во форма на демонстративни и интерактивни работилници, водени од стручни и посветени едукатори.

Во „НАУЧНА КУЈНИЧКА“ на децата им даваме можност самостојно да ракуваат со лабораториска опрема и сами да изведуваат различни научни експерименти. На овој начин тие развиваат љубов кон науката и ја јакнат самодоверба. Сепак, не ја занемаруваме ниту теоријата, бидејќи иако практиката е важна, неопходно е да се запознаеме со научниот поим. Нашиот тим осмислува специјални прашања и примери за да им помогне на најмалите на што поедноставен начин да ги разберат сложените научни поими. Секое дете има можност да го изнесе својот одговор на поставените прашања и да го искаже своето мислење. Водени до суштината на научниот поим, преку практични вежби децата изведуваат заклучоци.


„Фантазијата е поважна од знаењето.“

Кај нас ја поттикнуваме детската фантазија, ја будиме нивната природна љубопитност и желба за истражување. Не ги учиме ШТО да мислат, туку КАКО да мислат и како да поврзуваат различни поими. Ги охрабруваме да поставуваат прашања и да трагаат по одговори.


На крајот од секоја работилница во „НАУЧНА КУЈНИЧКА“ организираме квиз на знаење за најмалите. На тој начин го утврдуваме наученото, а во исто време придонесуваме за нивната мотивација, самодоверба и чувството на задоволство што го создава секој нивен точен одговор.

Специјално дизајнираните игри ги учат децата да поврзуваат поими и ја зголемуваат интеграцијата и комуникацијата во лабораторијата. Дополнителен начин за утврдување на материјалот се домашните задачи. Интересно е што нашите најмали со воодушевување ги прифаќаат задачите, а доколку не се сигурни во решенијата, ги учиме без двоумење да ги прашаат нашите едукатори.

Кај нас децата стануваат вистински мали научници и од нашите работилници си заминуваат со насмевки на лицата, подготвени за следната научна авантура. 


Едукативни роденденски прослави исполнети со знење, возбуда и забава! 

Доверете ја организацијата на роденденот на вашето дете на тимот на „НАУЧНА КУЈНИЧКА“.  Професионалните едукатори ќе ги запознаат децата со волшебниот свет на науката и неговите феномени. Експлозивна и возбудлива роденденска содржина, со многу забавни детали и елементи со едукативен карактер. Активностите на роденденските забави вклучуваат забавни научни експерименти кои овозможуваат набљудуваните феномени да бидат на дофат на децата. Внимаваме објаснувањата да бидат на сликовит начин во возбудлива лабораториска атмосфера!



Роденденската забава е надоплонета со музичко – забаваен диско дел одлично прифатен кај децата. 

Експериментите ги привлекуваат и момчињата и девојчињата без оглед дали се вистински вљубеници во науката.

По незаборавното дружење со нашиот тим, ќе ја разбудиме фантазијата кај вашето дете и тоа ќе зачекори во возбудливиот научен свет.


📞078 259 767

bottom of page