Интернационална градинка „Максимилијан“ – сигурен почеток со високи стандарди
- Кидо Медо

- Mar 4
- 2 min read
Интернационалната градинка „Максимилијан“ е дел од образовниот систем International School Maximilian – единствана IB и Oxford акредитирана образовна институција во регионот кој нуди целосна едукација од јасли до крај на средно образование.
Градинката е создадена како одговор на реална потреба на современите семејства безбедна, структурирана и интернационална средина уште од најрана возраст.
Возраст и организација на групи
Примаме деца од 9 месеци до 6 години, организирани во мали групи со цел максимално внимание и индивидуален пристап:
Јасли – максимум 5 бебиња во група
Другите групи се со 10–15 деца
Малите групи овозможуваат блиска грижа, сигурна адаптација и вистинска посветеност кон секое дете.
Простор и услови
Во „Максимилијан“ внимаваме на секој детал од детското секојдневие.
✔️ Посебно, мирно и внимателно организирано место за спиење
✔️ Безбедна и модерно уредена средина
✔️ Структуриран дневен ритам кој им дава сигурност на децата
Внимателно креирана образовна програма
Нашата програма е внимателно дизајнирана за да ги поддржи сите аспекти од развојот:
Емоционален и социјален развој
Развој на самостојност
Јазичен развој (со рано воведување на англиски јазик)
Креативност и љубопитност
Основи на критичко размислување преку практични активности
Не сме само место за чување туку средина што гради навики, самодоверба и љубов кон учењето уште од најрана возраст.
Континуитет и стабилност
Како дел од целосен образовен систем, „Максимилијан“ нуди јасна и сигурна патека од јасли, преку IB основно образование, па сè до средно училиште со меѓународни програми.
Родителите добиваат:
Стабилен систем
Мали групи и индивидуален пристап
Интернационални стандарди
Долгорочна визија
Интернационалната градинка „Максимилијан“ е создадена со една јасна цел, децата да растат во средина каде што се безбедни, сакани и внимателно водени кон својот целосен потенцијал.

070344794









