top of page

Крцкаво пилешко - по рецептот на младите готвачи од академија "Везден"

Дали понекогаш се чувствувате како да ви недостасува инспирација за ручек?

Фрижидерот е полн, но едноставно не ви доаѓа идеја што да зготвите денес?


Не грижете се, не сте сами! За среќа, во академијата за млади готвачи "Везден" секогаш се подготвени со возбудливи и вкусни идеи.


Денес, талентираните млади готвачи од Академијата "Везден", ви го претставуваат нивниот избран рецепт кој ќе ви го олесни секојдневието и ќе ви заштеди драгоцено време во кујната



Крцкаво пилешко


Состојки:

  •  1 јајце

  •  2 лажици павлака

  •  2 лажици брашно

  •  ½ лажички сенф

  •  Малку сол/бибер/ Вегета

  •  1 лажица стопен путер

  •  корнфлекс


Сите состојки се мешаат заедно додека не се добие хомогена смеса.


  •  150 гр. пилешки стек


ree

Подготовка:


Пилешкиот стек се сече по желба. Исечените парчиња стек се потопуваат во смесата, потоа се валкаат во корнфлекс. Се редат на плех со хартија и се печат на 200 степени, 30 минути додека не добијат златна боја.


Добар апетит.





Контакт:

📞070 315 468

bottom of page