top of page

Здрава инспирација: Неколку рецепти од Елена Бубало

Updated: Nov 29, 2025

Денес споделуваме избор на здрави и нутритивно богати рецепти од Елена Бубало (Healty.me).

Нејзината филозофија е едноставна: вкусна храна која го храни телото и нуди совршен баланс на протеини, влакна и добри масти.


Cottage протеински крекери


СОСТОЈКИ:

  • 2 пакетчиња cottage cheese 360 грама

  • 2 јајца

  • 3 лажици семки од тиква

  • 50 гр дробено ленено семе

  • 100 гр овесни снегулки

  • сол, лук, хербален зачин по избор

  • 1 голем рендан морков


ПОДГОТОВКА:

Се матат јајцата заедно со cottage-от, во блендер се блендираат овесот, семките од тиква и ленот, па се истураат во јајцата, се додаваат останатите состојки како морков и зачини.

Смесата е прилично сува, затоа убаво да се измешаат состојките.

Се нанесува на тавче претходно намачкано со маслиново но тенок слој.

Се пече 30’ на 190 степени, може и повеќе ако сакате покрцкаво, а може и помалку, исто така и зависи од дебелината.

1/3 од смесата може да ви биде оброк со некој намаз.


Јајце тост тортиља


СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца

  • 50 гр ситни овесни снегулки

  • 20 гр пршута опционално

  • 50 гр протеински Бубало хумус

  • 50 гр грчки јогурт

  • Рукола

  • Краставички

  • Сол

  • 1 среден рендан морков


ПОДГОТОВКА:

Се матат јајцата со сол, се додава овесот и моркови и се меша до хомогена смеса.

Се додава смесата на претходно загреан тостер или може на големо тавче.

Се пече кратко 3-4', но сепак зависи и на што ја правите, се со цел да не е многу сува од овесот.

После тоа се редат останатите состојки како вам ви одговара.

Се намотува и може да се пресече на два дела.


Брзи палачинки наместо леб


СОСТОЈКИ:

  • 100 гр овесно брашно

  • 80 гр мешавина семки од тиква и семки од сончоглед

  • 1 лажичка сода

  • 1 лажичка лук

  • 2/3 шоља кисело млеко или било што течно за регулирање на густина


ПОДГОТОВКА:

Сите состојки се блендираат и се остава смесата да од стои барем 5-7 минути.

Се пече на многу малку маслиново во тава.

Излегуваат околу 17-20 палачинки.




БОНУС РЕЦЕПТ:


Рецепт за вафли/мафини со какао и банана


СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца

  • 1 банана

  • 55 гр овесни снегулки

  • 50 гр лешници

  • 2 лажици мед (ако сакате поблаго додади повеќе)

  • 2 лажици семки од тиква

  • 1 лажичка цимет

  • 1 лажичка сода

  • Прстофат сол

  • 2 лажички 100% какао

  • 1/4 или малку повеќе од тоа зависи од густината шоља растително млеко или вода


ПОДГОТОВКА:

Сите состојки се блендираат во блендер (до хомогена полутечна смеса).

Претходно добро да е загреано апаратче за вафли, крофни или мафини, а може и во рерна во калапчиња за мафини.

Излегуваат околу 12 мафинчиња. Пола смеса може да биде оброк (462 калории), а 1/4 да биде ужинка.

Во двата случаи може да додадете еден грчки јогурт за екстра протеин.


bottom of page