Angela's funny kitchen: Лепче со тиквичка 🥄
- Кидо Медо

- Sep 5
- 1 min read
👩🍳✨ Малите раце прават големи чуда во кујната!
Запознајте ја Ангела! Таа има 9 години и многу сака да поминува време во кујната заедно со нејзината мајка.
Во продолжение ви споделуваме еден од нејзините последни рецепти, како да направите лепче со тиквичка, совршен оброк за појадок, ужинка или лесна вечера. 🥒🍞
📝 Рецепт за лепче со тиквичка:
2 јајца
50мл маслиново
200 гр гриз
50 гр брашно
200 гр урда или фета сирење
50 гр кашкавал
половина пакетче прашок за пециво
половина рендана тиквичка
1 лажица сусам
1 лажица ленено семе
Во сад се матат јајцата и се додаваат останатите состојки. Смесата се истура во долгнавест калап за печење. Горе се наросува со сусам и лен и се пече околу 20-25 мин на 220 степени.
На здравје!
🍦Рецепт ПЛУС: Домашен сладолед







