top of page

Интервју со Ирена Корубин: Tinker Labs создава трајни вештини преку СТЕАМ учење

Во светот кој постојано се менува, каде што идните работни места сè уште не се измислени, способноста за критичко размислување, решавање проблеми и иновација се најважни. Токму затоа, едукативната филозофија на Tinker Labs го привлекува вниманието на јавноста, нудејќи поинаков пристап кон учењето за децата.


На таа тема разговаравме со Ирена Корубин, Магистер по економски науки, со 17 години искуство во банкарскиот сектор, која од 2019 година ја насочува својата страст кон едукативни франшизи. Како франшизер на Хелен Дорон Капиштец, Тинкер Лабс Капиштец и Мастер Франшизер на Tinker Labs Македонија, таа го живее своето мото: "Од игра, со страст, до цел", водејќи проекти кои го менуваат светот на децата.



Што претставува Tinker Labs? Како би ја опишале вашата мисија и филозофијата на едукација во една реченица?

Tinker Labs е меѓународна и едукативна франшиза која преку СТЕАМ методологија – наука, технологија, инжинерство, уметност и математика – ги поттикнува децата да учат преку истражување, експериментирање и создавање. Нашата мисија е да ја претвориме љубопитноста на децата во знаење, преку учење со срце, ум и раце.


Што точно е СТЕАМ и зошто овој интегриран пристап е толку клучен за децата во 21-от век?

СТЕАМ ги обединува науката, технологијата, инжинерството, уметноста и математиката во еден практичен систем на размислување. Наместо да учат предмети изолирано, децата во Tinker Labs учат да ги поврзуваат знаењата, да размислуваат креативно, и да решаваат вистински проблеми. Во свет каде професиите постојано се менуваат, Tinker Labs ги подготвува децата не само за идните кариери туку и за животот – учејќи ги како да бидат иновативни, самоуверени, и флексибилни мислители.


Како изгледа еден типичен час во Tinker Labs? Која е разликата помеѓу вашето искуствено учење и традиционалното образование?


Секој час во Tinker Labs е мал експериментален свет, започнува со предизвик, продолжува со истражување и создавање, а завршува со дискусија и рефлексија. Децата сами градат, пробуваат, грешат и повторуваат – и најважно, учат од тоа. Во традиционалното образование се слуша и памти. Кај нас, во Tinker Labs, се открива, се создава и се разбира. Tinker Labs го претвора учењето во авантура каде секое дете е активен истражувач а не пасивен слушател.


ree

Како им помагате на децата кои се чувствуваат помалку сигурни во природните науки? Како ја градите таа самодоверба за да можат да преминат од 'не можам' во 'како да го направам ова'?

Нашите програми – Tinker Tots, Tinker Town и Tinker World – се создадени така што секое дете чекор по чекор гради самодоверба преку успешни мали искуства. Во Tinker Labs нема погрешни одговори – само нов обид и ново откритие. Наставниците се фасилитатори, не предавачи, тие ги насочуваат децата со прашања а не готови решенија. Така децата природно преминуваат од мислата „Не можам“ кон „Ајде да видам како ќе успеам!“


Како Tinker Labs им помага на децата да развијат вештини како критичко размислување, тимска работа и решавање проблеми, кои се неопходни за нивната идна кариера?


Се што правиме во Тинкер Лабс е обука за вистинскиот живот. Децата работат во мали тимови, учат да ги слушаат идеите на другите, и да предлагаат решенија. Во тој процес, тие учат дека грешките не се неуспех, туку дел од патот до подобро решение. Овие вештини – истрајност, соработка и логично размислување се темелот на секоја идна кариера.


Има многу воннаставни активности. Зошто е Tinker Labs вистинскиот избор за родителите кои бараат нешто повеќе од обична забава?


Бидејќи ние нудиме паметна забава – комбинација на игра, наука и креативност. Додека децата се забавуваат, градат и експериментираат, тие во исто време ја развиваат својата концентрација, аналитичко мислење и љубопитност. Нашите програми се долгорочно структуирани, со јасни цели и мерлив напредок, водени од обучени наставници и докажан франшизен систем. Родителите кои го избираат Tinker Labs, не избираат само активност – тие инвестираат во начинот на размислување кој ќе му служи на детето цел живот.


ree

Која е најголемата визија за Tinker Labs на долг рок?


Нашата визија е да го промениме начинот на кој децата учат. Да создадеме генерација која не се плаши од предизвици, која размислува креативно, логично и со ем0патија. На долг рок, сакаме Tinker Labs да биде симбол на современо образование – место каде што учењето е радост, а не обврска.





Сите заинтересирани можете да стапите во контакт со тимот на Tinker Labs на 📞070 992 000 или macedonia@tinkerlabs.mk.

bottom of page