top of page

Интервју со Драгана од Wildride Македонија: Кога личното искуство станува мисија за полесно родителство

Updated: Jan 21

Секој родител добро го познава оној момент кога количката станува „непотребна“, а детето сака да го истражува светот од прегратките на мама или тато. Токму од една таква реална, секојдневна потреба помеѓу аеродромските терминали и желбата за слободно движење се раѓа приказната за Wildride во Македонија.


Денес разговараме со Драгана, која благодарение на својот истражувачки дух и научно искуство, реши да им понуди на македонските родители нешто повеќе од обична носилка.


Wildride не е само модерен додаток, туку ергономски сојузник кој ветува безбедност за децата и спас за грбот на родителите.

Во продолжение, откриваме како овој светски познат бренд пристигна кај нас, зошто сертификатите се поважни од цената и како автентичниот дизајн прави разлика во правилниот развој на најмилите.


Како се роди идејата да го донесете Wildride во Македонија? Дали забележавте „празнина“ на нашиот пазар кога станува збор за функционални носилки за поголеми деца?

Идејата да го донесеме Wildride во Македонија се роди од лично искуство, ние веќе скоро една година ја користиме носилката со нашата ќерка. Бидејќи често патувам и сама со неа по аеродроми, барав некоја можност да можам да ја носам неа и плус рачен багаж. А таа веќе од шестмесечна возраст често одбиваше да се вози во количка, и имав вистинска мака со тоа, Така наидов на носилки за бебиња и поголеми дечиња, меѓу другите и Wildride ☺ Инаку повеќе години работев во наука и буквално за се што купувам правам вистинско, детално истражување, па Wildride носилките дефинитивно се издвоија од другите. Ја купив од странство, бидејќи на нашиот пазар постоеја само класични кенгури наменети главно за помали бебиња. По голем интерес од пријатели и познаници кои сакаа да знаат од каде ни е набавена, како се користи, како да ја купат, јасно ја забележавме „празнината“. Тогаш сфативме дека на нашиот пазар недостига нешто едноставно, лесно и практично, кое навистина ќе им го олесни секојдневието на родителите. Така Wildride природно си го најде патот до Македонија.


Wildride е опишан како „оригинален и законски заштитен производ“. Колку е важна автентичноста на дизајнот кога станува збор за безбедноста на самото дете?

Автентичноста на дизајнот е исклучително важна, бидејќи кај ваквите производи секој детал има директно влијание врз безбедноста и развојот на детето. Оригиналниот Wildride не е само убав производ, туку е резултат на долг процес на развој и тестирање — од аголот на седење, до јачината на материјалите и позицијата на ремените, се за детето да седи стабилно, природно и сигурно. Кај копиите често недостасуваат овие безбедносни стандарди, што може да доведе до неправилна положба на телото, нестабилност или ризик од лизгање. Затоа автентичниот дизајн не е луксуз, туку мир во глава – она чувство кога знаеш дека твоето дете е безбедно.


Знаеме колку треба да се внимава на квалитетот и ергономијата на овие производи. Како се постигнува правилна распределба на тежината за да се заштитат грбот и колковите на родителот?

Wildride е дизајниран така што тежината на детето се распределува дијагонално преку рамото и горниот дел од телото, наместо директно да паѓа на долниот дел од грбот. Широкиот ремен, стабилната основа за седење и природната положба на детето овозможуваат значително помал притисок врз кичмата и колковите на родителот. Ова го прави носењето покомфорно, дури и при подолга употреба, без чувство на преоптоварување.


Wildride поседува сериозни светски сертификати како ASTM и OEKO-TEX. Колку е тешко да се едуцираат нашите потрошувачи за важноста на овие стандарди наспроти поевтините, несертифицирани алтернативи?

Едукацијата е предизвик, бидејќи често цената е првото нешто што го гледаат родителите. Но, сертификатите како ASTM и OEKO-TEX значат дека производот е тестиран за механичка безбедност, издржливост и здравствена исправност на материјалите — без штетни хемикалии и токсини. Нашата цел е постепено да ја подигнеме свеста дека кога станува збор за дете, поевтината опција често може да биде и поскап ризик. 

Тоа што кај копиите „од слика“ не може да се забележи, бидејќи во дизајнот навистина изгледаат слично, е дали носилката нуди доволно простор и флексибилност за детето вистински да седне и да постави правилен распон на колкови, кој е многу важен за карлицата – нешто што и многу доктори и физиотерапевти го потврдуваат. Освен за децата, ергономското носење е битно и за родителот односно самиот носач – целта не е после некое време носење да не боли грбот и носилката да ја фрлиме во некоја фиока. На крај, секој родител го сака најдоброто за своето дете – само понекогаш му треба малку повеќе информација.



Каде можат заинтересираните родители да ги погледнат и купат Wildride носилките?

Заинтересираните родители можат да ги погледнат и купат Wildride носилките преку нашите официјални продажни канали на нашите социјалните мрежи, во салата на нашиот бренд амбасадор Елена Бубало, како и кај нашите продажни партнери Кидо OUTLET, Кids&Co и URMA Concept Store. Таму можат да добијат детални информации, совети за користење и целосна поддршка при изборот на модел.

bottom of page