Интервју: Од лична инспирација до претприемнички успех - шарената приказна на Tuc Tuc & Friends во Македонија
- Кидо Медо

- Nov 5
- 4 min read
Животот често ни подготвува изненадувања кои ги менуваат нашите патеки, а токму такво изненадување го означи почетокот на една од највеселите и најкреативните претприемнички приказни на македонскиот пазар Tuc Tuc & Friends. По две децении искуство во една компанија која ја смета за најголемото животно школо – нашата соговорничка, Тина Цонева, добила сосема поинаков предизвик, инспириран од наједноставното: детска облека.

Што ве инспирираше да го донесете токму Tuc Tuc & Friends на македонскиот пазар? Кои беа најголемите претприемнички предизвици со кои се соочивте на самиот почеток и како ги надминавте?
По дваесет години искуство во друга компанија, животот ме изненади со сосема нов предизвик. Сè започна кога мојата тогаш тригодишна ќерка доби подарок од Валенсија – прекрасен комплет од брендот Tuc Tuc & Friends. Тоа беше љубов на прв поглед: боите, дезенот и квалитетот едноставно ме воодушевија.
Веднаш ги контактирав Tuc Tuc и така започна нашата соработка. Иако не планирав да ја напуштам претходната компанија, новиот предизвик бараше целосна посветеност, но ја отвори вратата кон Tuc Tuc & Friends во Македонија.
Идејата произлезе од желбата да внесеме нешто поинаку, живописно и весело во детската мода. На почетокот, најголем предизвик беше да изградам доверба кон новиот, шарен концепт, бидејќи нашиот пазар традиционално преферира класичен стил. Но, со посветеност и личен пристап, успеавме да покажеме дека детската мода може да биде и квалитетна, и забавна.
Денес, горда сум што Tuc Tuc & Friends стана место каде родителите купуваат дел од едно позитивно и весело детство.

Tuc Tuc & Friends е познат по своите шаренило, креативност и енергија. Кои се основните вредности и филозофија што ги пренесувате преку производот, и како се обидувате да ги инспирирате родителите и децата на македонскиот пазар?
Во срцето на Tuc Tuc & Friends стои детството како симбол на радост, фантазија и авантура. Веруваме дека детската облека не треба само да биде практична, туку и да поттикнува имагинација и позитивна енергија. Секој дезен, секоја боја и детал ја носи нашата филозофија – да се изразува индивидуалноста на секое дете, да се поттикне радоста во секојдневието и да се инспирира љубов кон боите и животот.
На македонскиот пазар се обидуваме да ги поврземе родителите со таа идеја – дека преку облеката може да се негува детската личност, а не само изгледот.
Кога станува збор за детска облека и опрема, квалитетот, безбедноста и издржливоста се клучни. Како Tuc Tuc & Friends го обезбедува врвниот квалитет на материјалите и изработката, и кои се најголемите предизвици во одржувањето на тој стандард?
Наш приоритет отсекогаш бил квалитетот и безбедноста на секој производ. Работиме исклучиво со проверени европски производители и сертифицирани материјали, при што сите ткаенини се хипоалергени, без штетни бои и тестирани по највисоки стандарди. Детската облека мора да биде мека, издржлива и удобна, затоа нашиот тим внимателно ја следи секоја фаза – од дизајн, до шиење и финална контрола.
Предизвикот најчесто е одржување на тој висок стандард во динамични пазарни услови, но доследноста и довербата на нашите клиенти ни се најголем мотив да не правиме компромиси.
Која е тајната на вашиот успешен однос со лојалните купувачи и што е она што го прави брендот единствен?
Tuc Tuc & Friends не е само продавница – тоа е заедница на родители и деца кои веруваат во бојата и радоста. Нашиот однос со купувачите се темели на искреност, доверба и континуирана комуникација. Секогаш сме отворени за предлози, прашања и идеи, затоа што ги гледаме нашите клиенти како партнери во растењето на брендот.
Она што не прави единствени е емоцијата што ја пренесуваме преку секоја колекција – тоа чувство на топлина, креативност и позитивна енергија што го препознаваат сите што еднаш купиле Tuc Tuc.
Колку е важно следењето на светските трендови во детската мода за Tuc Tuc & Friends, и како се одвива процесот на избор на колекции што ќе бидат понудени тука? Дали има одредена колекција која е најдобро прифатена од македонската публикa?
Tuc Tuc е глобален бренд со силен моден идентитет, па секогаш сме во чекор со трендовите, но никогаш не ја губиме препознатливата „tuc-tuc“ душа – живите бои, веселите мотиви и разиграни комбинации. Колекциите што ги носиме во Македонија внимателно ги бираме според климата, стилот и потребите на нешите семејства.
Особено добро прифатени се колекциите со животински мотиви и морски теми, кои ја доловуваат таа типична комбинација на фантазија и практичност што ја сакаат нашите клиенти.
Колку е важно одржувањето на баланс помеѓу глобалната стратегија на матичниот бренд Tuc Tuc España и прилагодувањето кон специфичните потреби и култура на локалниот македонски пазар?
Балансот е клучен. Ние ја почитуваме глобалната визија на Tuc Tuc España, но истовремено ја адаптираме комуникацијата и понудата кон македонскиот дух и начин на живот. Нашите родители имаат специфичен вкус – сакаат квалитет, но и практичност; нешто што ќе биде убаво, но и трајно.
Затоа се трудиме да ја пренесеме автентичноста на Tuc Tuc преку локални приказни, настани и близок контакт со нашите купувачи, создавајќи мост меѓу шпанската креативност и македонската топлина.
Со оглед на веќе постигнатиот успех, кои се следните чекори во развојот на бизнисот на Tuc Tuc & Friends во Македонија?
Нашата визија е Tuc Tuc & Friends да продолжи да расте како бренд кој инспирира и поврзува. Следниот чекор е проширување на понудата и присуството, како преку нови колекции и категории на производи, така и преку дополнително збогатување со нови брендови и на онлајн искуството за нашите купувачи.
Планираме повеќе активности што ќе го вклучат локалното семејно општество – тематски настани, креативни работилници и соработки со македонски дизајнери и инфлуенсери кои ги споделуваат нашите вредности.
Целта ни е Tuc Tuc & Friends да остане место на инспирација, боја и насмевка – каде секое дете се чувствува посебно, а секој родител знае дека направил вистински избор.
Tuc Tuc & Friends продавници:
лок.1: ул. Петар Попарсов 19/3 лок. 6 (позади Универзална сала)
лок.2: бул. 8ми Септември 3/2 лок.1 (Настел, Тафталиџе, само за бебешка облека и опрема)
лок.3: ГТЦ, 1 кат (Гледаме кон Жена парк)
















