top of page

Зошто физичката активност е задолжителна, а не само важна за децата: Елена Бубало и „Фитнес Фабрика Џуниор“

Денес имаме чест да разговараме со Елена Бубало, дипломиран биохемичар со специјализација од ДИФ во Белград како групен и персонален тренер и импресивни 15+ години професионално искуство.


Преку нејзината уникатна програма Total Body Workout by Bubalo, таа ја промовира филозофијата дека одржливи резултати се постигнуваат преку паметно вежбање и здрава балансирана исхрана. Таа е поборник за рекреативниот спорт и здравиот начин на исхрана, а за здрав раст и развој на најмладите го креираше Фитнес Фабрика Џуниор.



Колку е клучна физичката активност за психофизичкиот развој на децата? Од која возраст препорачувате децата да започнат со организирано вежбање или спортски активности и зошто?  

Ако земеме во предвид колку денес децата не се активни, колку немаме надвор соодветни игралишта, не зборувам за оние пластични лулашки и лизгалки, колку децата се на екстра активности во затворен простор и целодневна програма во градинка и училиште, е тогаш секој би кажал дека е многу важна, но не е само важна туку е задолжителна. Зависи од видот на групниот спорт децата може да се приклучат од 4, 5 или 6 години, тоа е различно и зависи од активноста. Кај нас примаме деца од 4 години, а понекогаш се мислиме многу дали е потребно или не. Заинтересираноста е голема и тие се најбројни, според тоа се гледа колку им недостасува активност на овие деца. Од друга страна од стручен аспект ќе кажам дека има многу работа со нив, страв за скок од две нозе, страв за прескокнување, слаба координација и баланс, но после 2 месеци имаме фантастичен резултат и подобрување.


ree

Покрај вежбањето, здравата исхрана е нераскинлив дел од активниот живот. Која е вашата порака до родителите во однос на исхраната на децата?

Ах таа е борбата на секој родител. Кај помалите е полесно се додека можеме да контролираме и верувам нема родител што не се труди своето мало дете да го храни правилно, затоа што е тоа клучно за едно здраво дете. Како растат и како се повеќе изложени надвор нормално станува потешко и тука веќе и од психолошки момент мора да се внимава, но дете со здрави навики од мало многу полесно се бори со надворешниот свет. Треба да се лимитира и минимизира внес на процесирана, купена храна, и да се јаде домашно, готвено, да не се јаде постојано во ресторани, затоа што не можеме да контролираме ништо од квалитет на храна. Затоа клучно за исхраната пред се' е јадење готвена храна.


Тренинзите за деца бараат посебен пристап. Како го бирате и обучувате кадарот кој ги води активностите? Која е квалификацијата и методологијата што ја користите за да обезбедите безбедна, ефикасна и забавна средина за вежбање?  

Така е, имаме различни обиди од најустручни до не многу стручни за физичка активност. На крај направивме баланс од девојчиња од ДИФ заедно со педагози кои знаат да работат со најмалите. Затоа што може да знаеш многу за спорт, но да немаш трпение, желба да работиш со деца, па така и најдобрата опрема и полигон е бескорисна ако не знаеш како со нив и обратно. Секогаш е потребен кадар кој е стручен само за спорт и така го правиме балансот.


ree

Секое дете е различно. Како им помагате на децата кои не се пронаоѓаат во стандардните спортови или пак имаат потешкотии со мотивацијата? Како да го претвориме вежбањето од обврска во навика и забава?  

Тоа е впрочем одговорот зошто ние постоиме. Затоа беше и целта на оваа сала. Тука помагаат многу и родителите кои се свесни колку е важно да биде активно детето иако тоа нема предиспозиции да биде врвен спортист, а ние од друга страна сме тука да најдеме начин како да ги мотивираме и ги задржиме да им направиме пријатна и безбедна средина. Секогаш ќе има и такви кои ни во ова нема да се пронајдат. Но веруваме дека заедно со помош на нивните родители, ќе најдат нешто каде детето ќе биде среќно и активно.


Кои знаци и резултати најчесто ги гледате кај децата после тренинг?

Очигледното покачено расположение, енергија и задоволство се карактеристика на секоја физичка активност па така и тука е случај. Чувството на постигнатост кога ќе се совлада некоја пречка, вежба или полигон е единствено и токму тоа ја гради нивната самодоверба што е неопходно во текот на растењето. Така стануваат похрабри и решителни за совладување на пречките кои надвор од сала ќе ги сретнат.



„Фитнес Фабрика Џуниор“ нуди и роденденски пакети за прослава. Која е уникатноста на една ваква спортско-забавна прослава и за која возраст се препорачуваат овие пакети?

Да, се решивме и на тој потег и после првиот роденден што го прославиме и сме пресреќни дека и тоа го започнавме. Да напоменам дека е тоа само за викенд, дека славиме само 5, 6 и 7ми роденден, од претходно искуство дојдовме до заклучок дека оваа возраст можеме да ја анимираме со такви активности и до максимум 30 деца. Самиот родендедава друга димензија, наспроти само фрлање со топчиња и лизгање по лизгалки. Првиот час буквално низ игри вежбаме и до сега сме успеале да им задржиме максимално внимание, а во исто време правиме корисна работа за нив и тие се среќни. Потоа следи малку пауза, грицкање па после нивниот омилен дел, слободни активности и правење се што дома не смеат, но под надзор на тренерите, се разбира.

Обожаваат качување по ѕидови, по рип стол, бесење на шипки и јажиња, играње лава. На крај торта, споделување искуство и доделување дипломи.


ree

📞078 344 897

bottom of page