top of page

Зошто децата ги обожаваат часовите по социјално емоционално учење - SEL?

Во свет полн со промени, предизвици и нови искуства, децата сè повеќе имаат потреба не само од академски знаења, туку и од вештини за живот – како да разберат што чувствуваат, како да се справат со фрустрација, како да соработуваат и да изградат здрави односи.


Токму тоа го нуди социјално-емоционалното учење (SEL).

На нашите часови не повторуваме дефиниции, туку секој час е мало истражување на човечките искуства: што се случува кога сме лути, што чувствуваме кога губиме, како изгледа радоста кога ја делиме со некого, што значи да бидеме трпеливи, љубезни итн. Наместо преку директни одговори, децата учат преку разбирање.


ree

Како изгледа еден час?

Часовите навистина се динамични. Понекогаш сме детективи што ги следат трагите на чувствата. Понекогаш уметници што ја бојат тагата или среќата со своите бои.

Другпат, сме тим што се обидува да најде решение. На нашите часови секое дете има можност:

- да доживее, не само да слушне,

- да го почувствува своето тело кога е возбудено,

- да забележи што се случува кога ќе примени некоја техника,

- да открие дека може да избере како ќе реагира.


Како учиме?

Учиме преку игра, приказни, креативни активности, групна работа и разговори. На часот нема тестови, туку моменти на откривање. Децата истражуваат: како изгледа гневот, тагата или среќата, што може да направиме кога некој не е фер, како да бидеме внимателни, да слушаме и да си помогнеме едни на други. како да ги конторлираме своите емоции Секој час има своја тема и активности што ја оживуваат темата преку игра, цртање, драма или тимска задача.


ree

Зошто е важно?

Затоа што децата најмногу учат преку искуство – кога нешто ги трогнува, кога истражуваат со своите сетила и кога им е дозволено да грешат, да пробуваат и да растат. SEL им дава простор да се запознаат со себе, да научат како да се справат со стрес, конфликти или стравови, и да изградат внатрешна сила и самодоверба. Нашите часови се место каде емоциите не се „погрешни“, туку покани за учење. Место каде љубопитноста, креативноста и емпатијата се најважните училишни предмети.


Пишува:

Мартина Стојкоска, сертифициран SEL едукатор во EQ Minds

📞 071 296 069






ree

bottom of page