top of page

EQ Minds

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg

Во EQ Minds имаме за цел да им помогнеме на децата да стекнат основни вештини за академски успех и позитивни меѓучовечки односи преку поттикнување на самосвест и самодоверба, управување со емоциите, развивање на емоционална интелигенција и социјална свест, решавање на проблеми и одговорно донесување на одлуки што им помага на децата да напредуваат во различни аспекти од животот.


SEL (Social Emotional Learning) e иновативна програма за предучилишно и училишно образование која обезбедува универзален и научен пристап за правилен социјално-емоционален развој на децата.

Преку игри, приказни, креативни активности и групна работа, децата учат животни вештини што не се учат во училиште!

Опсежните истражувања покажуваат корелација помеѓу вештините што се изучуваат во програмите за SEL и академските достигнувања, позитивното однесување и поздравите животни избори.

Од ефективно решавање проблеми до самодисциплина, од контрола на импулси до управување со емоции и многу повеќе, SEL обезбедува основа за позитивни, долгорочни ефекти врз децата, возрасните, пошироката заедница и општеството.


Односно, децата имаат:

☑️Подобар академски успех.

☑️Подобро ментално здравје.

☑️Повисока емоционална интелегенција.

☑️Подобро ги регулираат своите емоции и однесување.

☑️Поголема самодоверба.

☑️Зголемен фокус и концентрација.

☑️Отпорност.

☑️Развиена емпатија.

☑️Системско размислување.

☑️Етичко однесување.


Во EQ Minds применуваме сеопфатен методолошки пристап имајќи ги во предвид принципите на учење, додека наставата е интерактивна и се одвива во безбедна и поддржувачка средина, со примена на мултимедијални алатки.


EQ Minds ги нуди следните курсеви:

📌SEL програма за деца на возраст од 5-7 години.

📌SEL програма за деца на возраст од 8-11 години.


⏱ Настава: Во групи, 2 пати неделно по 60 минути час.


👩‍⚕️Обучувачите се професионалци со искуство во работа со деца и возрасни, едукација во психологија и сертифцирани за SEL програмите.


⭐️Покрај курсевите, одржуваме работилници за деца и возрасни од областа на социјално-емоционалниот развој и многу други едукативни и креативни активности.

📞 071 296 069


Работно време:

Пон- Петок 13:00-20:00

сабота 10:00-15:00

bottom of page