Роденден во Фитнес Фабрика Џуниор, каде преку забава се запознаваме со фитнесот!
- Кидо Медо

- Oct 16
- 2 min read
Децата ни се радост! Секојдневно ги учиме на многу способности низ физичка активност, игра и дисциплина. Нашите програми се специјално дизајнирани за секој период од растот на вашето дете.

Целта ни е секое дете да учи, вежба и да си замине среќно и исполнето на крајот од секој час!
Погледнете како изгледаат нашите групи според возраста:
4-5 години: СПОРТ ПРЕКУ ЗАБАВА – Развој на моториката низ игра и многу смеа!
6-10 години: ТЕХНИКА И СИЛА – Учење на основите на движењето и градење цврста основа за здрав развој.
11+ години: ФУНКЦИОНАЛНИ ДЕТСКИ ТРЕНИНЗИ – Тренинзи прилагодени на адолесценти за одржување на активноста и градење издржливост.
НИЕ ВЕРУВАМЕ ДЕКА ДВИЖЕЊЕТО Е ОСНОВА ЗА ЗДРАВО, СРЕЌНО И ДЕТЕ ПОЛНО САМОДОВЕРБА.
Покрај редовните тренизнси, во Фитнес Фабрика Џуниор можете и да прославите поинаков роденден на вашето дете!
Кај нас ве очекува незаборавна, забавна прослава во спортски дух, исполнета со игри и натпревари кои ќе ги воодушеват сите гости.
Славиме само 5ти, 6ти и 7ми роденден!
Прославата трае вкупно 2 часа!
Првиот час е посветен на забавни спортски активности, имаме различни програми од полигони, тренинг, натпревари, но се договараме и прилагодуваме според возраста и желбата на славеникот, а и според заинтересираноста на групата.
Во вториот час следуваат слободни активности низ салата за кои децата со нетрпение чекаат, бесење по картички, јажиња, рип столови, играње лава поточно се што дома е забрането, забава со музика, грицкање и сечење на тортата.
Ние се грижиме за целата организација, а ваше е само да дојдете со славеникот и тортата! Тимот на Фитнес Фабрика Џуниор ќе обезбеди сè: грицки, сокови, вода, целиот потребен прибор (тањирчиња, вилушки, чаши, салфетки), свеќичка за тортата, фотографии и видеа, 1 или 2 тренери (во зависност од бројката на деца) и електронска покана.
MНОГУ ВАЖНО: Родителите тие два часа се слободни, ние превземеме комплетна грижа за децата.

Можност за славење имаме само викенди во термини по договор.
Цените започнуваат од 11.000 денари.
Ве очекуваме и сме многу среќни за оваа новост!
Придружете ни се и дозволете му на вашето дете да изгради здрави навики кои ќе ги носи цел живот!
Контактирајте нѐ за да го резервирате вашиот термин на 📞078 344 897 или









