top of page

Запознајте ја Марија, девојката што ја претвори бајката во реалност

Updated: Oct 4

Во светот на децата, каде фантазијата нема граници, се појавува еден лик што со својата искреност, љубов и креативност ги освојува срцата, Самовила.

Зад оваа магична приказна стои Марија, млада креаторка која соединува три силни страсти: љубовта кон глумата, искуството во дизајнот и посветеноста на развојот на децата преку дефектологија.

Во ова интервју разговараме за нејзиниот инспиративен пат, како од еден костим се роди цела приказна, како играта може да биде алатка за учење, и како е да се биде одговорен глас во светот на најмалите.

Откриваме што значи да се создава магија со цел, и како Самовила стана не само лик, туку и симбол на детска радост и развој.



Како започна приказната на Самовила?

Самовилата е збир од повеќе гранки во кои јас се пронаоѓам. Работата со деца и љубовта кон глумата се водечки, но зад мене стои и искуство во дизајнот. Токму преку тој спој го создадов и првиот костим, а тоа е Самовила, која подоцна прерасна во моја препознатлива приказна.


Како дефектологијата се поврза со оваа приказна?

За оние кои не знаат, јас сум на последна година студии по Специјална едукација и рехабилитација, или со постар термин – Дефектологија. Моето образование и знаењето што го стекнувам секогаш стојат во основата на тоа што го правам. Секој настап, секоја игра и секоја приказна ги градам со внимание кон развојот на децата, како ќе влијаат врз нивната комуникација, концентрација и социјализација.

Самовила не е само забава, туку и можност децата да учат и да растат низ игра. А за оние кои се заинтересирани за дефектолошка поддршка, можете да ме контактирате за дефектолошки термини.


Како реагираа децата на Самовила?

Децата најдобро знаат дали нешто е вистинито, искрено и полно со љубов. Самовилата веднаш ја примија како дел од нивниот свет исполнет со насмевки, прегратки и искрени погледи. Нивната реакција за мене беше најголем доказ дека припаѓам на нивниот свет. Секогаш со нетрпение го очекувам секој нов детски настан. А најубаво е што децата веќе го знаат и моето име, па сите во еден глас извикуваат: „Маријааа, Марија!“ 

Детството е најубавата бајка, а мојата најголема чест е што преку Самовила сум дел од тие мали, но највредни моменти.



ree

Дали оваа работа носи одговорност?

Да, и тоа многу. Работата со деца е најубавата, но и најголемата одговорност што човек може да ја има. Секое дете што ќе ми пријде со насмевка или прашање е доверба што не смеам да ја изневерам. Во исто време, моето образование во областа на дефектологијата ме учи дека секоја активност може да влијае на детскиот развој па затоа со секој настап внимавам да создадам средина која е и забавна и едукативна. 

Одговорноста ја носам со љубов, знаејќи дека преку Самовила не оставам само насмевки, туку и траги во нивното растење.


Дали чувствуваш раст на бизнисот?

Бројките на моите социјални мрежи растат секојдневно, но зад тие бројки стојат вистински луѓе, оние кои одвојуваат време, кои веруваат и кои ме следат. Покрај родендените, учествувам и на настани за деца, работилници, крштевки, сунети, свадби… На почетокот од маските постоеше само Самовила, а денес изборот е многу поголем: Снежана, Пепелашка, Елса, Маша, Кловн, Спајдермен, Бетмен, Баба Мразица, Девојката-Елф… наскоро верувам дека ќе вметнам и нови!

Многумина ме прашуваат дали планирам да вработам некој и да го проширaм својот тим, но засега сакам да останам сама бидејќи до сега не сум сретнала личност на која целосно би ѝ верувала за да ја вклучам во создавањето на детската среќа.


Што значи за тебе Самовила денес?

Денес, Самовила е повеќе од лик или маскота, тоа е дел од мене. Луѓето веќе ме препознаваат по Самовила, па со радост можам да кажам дека таа стана моето уметничко име.


Сите заинтересирани можете да стапите во контакт со Maрија преку нејзините профили на Instagram и Facebook или на📞 072 640 041.



bottom of page