Запознајте ја Ана од светот на „големите“, но со срце кое постојано создава алатки за најмалите
- Кидо Медо

- Nov 27
- 1 min read
HR професионалец со 20+ години искуство, тренер за личен и организациски развој, NLP тренер и coach, автор на книги, игри, карти, планери и програми што го прават учењето практично, разбирливо и применливо.

Во нејзината работа постои едно длабоко верување:💛 вештините што им се потребни на возрасните – комуникација, емоционална свесност, фокус, самодоверба, решавање проблеми – треба да ги учиме уште од мали.
Затоа нејзината Кампања #ЛиченИЗБОР е еден жив екосистем на животни вештини што ги поврзува сите:
Корпоративни тренинзи и коучинг – за компании кои сакаат култура на свесност, интегритет, комуникација и психолошка сигурност. Практични, применливи, базирани на NLP методологија и коучинг пристап.
#КЛУБзаРодители – идеја што 10 години живееше пред да стане реалност. Простор за раст, поддршка, рутини, алатки и свесни родителски избори.
#НЛПзаДеца – проект што го води заедно со StartUP Club Skopje и Kejt House. Не е само активност за деца, туку патување кон животни вештини потребни за посреќно растење и клучни за светот на големите.
Работилниците #Благодарам во градинки и училишта – преку иницијативата „Покани ме на час“, ставот благодарам допира до стотици дечиња, наставници и родители.
Игри, книги, карти и планери – Благодарам, 50+ идеи Благодарам, игрите, коцките и картите Благодарам и КакоМОЖЕ, Планерот ЗА… и Планерот за среќни родители, алатки за учење, растење и поврзување меѓу домот, училиштето и компанијата.
Секој дел од екосистемот носи иста идеја:
ако сакаме подобар свет на големите, мора да почнеме од малите чекори дома, во училницата и во нашите домови.















