Кампањата #ЛиченИЗБОР – екосистем што расте со семејствата
#ЛиченИЗБОР е екосистем – жив организам што расте со секој избор што ќе го направиме.Во неговото срце се наоѓаат книги, игри, планери, карти, програми, работилници и обуки создадени со една цел – да ги развиваат животните вештини што им требаат и на децата, и на родителите, и на возрасните во „светот на големите“.
Во овој екосистем природно се среќаваат три групи –
1. деца
2. родители
3. професионалци/компании
…не затоа што некој ги поврзува, туку затоа што вештините што ги тренираме се исти:свесност, комуникација, благодарност, фокус, емоционална саморегулација, решавање проблеми и личен избор.
#ЛиченИЗБОР е место каде што знаењето станува игра, играта станува учење, а учењето станува сила што расте со нас – дома, во училиште и на работа.
Под оваа кампања/движење се создадени:
КНИГИ
• Книга #Благодарам• 50+ идеи #Благодарам• Е-книги: серијата #КакоМОЖЕ да станеме и останеме среќни родители (6 книги до сега)
ИГРИ, КАРТИ И КОЦКИ
• Игра, карти и коцки #Благодарам (негување на благодарноста)• Игра, карти и коцки #КакоМОЖЕ (за вежбање на решавање проблеми)
ПЛАНЕРИ
• Планер за Среќни Родители
• Годишен Планер за... (за организација, фокус и раст)
ПРОГРАМИ И ЗАЕДНИЦИ
• #КЛУБзаРодители – заедница за родители кои сакаат да растат заедно со своите деца, преку практични алатки за „светот на големите“, за децата да стекнат животни вештини. Тука веднаш добиваш пр истап до 20+ предавања (бројката расте секој месец!), е-книги, работни листови, игри, предизвици, приказни и медитации – цела библиотека внимателно избрани ресурси што можеш да ги употребиш во речиси секоја родителска ситуација, веднаш кога ќе ти затреба. Родителска „аптека“ од избрани ресурси – за расправии, за тешки разговори, за граници, за учење, за емоции, за моменти кога си без идеја... без да бараш по интернет, без да се губиш во хаосот на совети. https://subscribepage.io/LlDgai•
StartUP #NLPзаДеца – годишна програма за развој на фокус, состојба, самодоверба и учење на животните вештини кај децата https://subscribepage.io/44dx1J
БЕСПЛАТНИ МАТЕРИЈАЛИ
• Картички, предизвики, игра, работни листови, е-книги и ресурси за дома https://anasaltirova.mk/ или на https://licenizbor.substack.com/
Екосис темот #ЛиченИЗБОР расте секој месец – со нови приказни, нови идеи, нови алатки и нови семејства што му се приклучуваат.











