top of page

Детското однесување како форма на комуникација: Совети од Тимот А

Како специјален едукатор и рехабилитатор во Тимот А, во секојдневната пракса – преку спроведување развојни проценки и индивидуални третмани – постојано се среќаваме со деца кои во раниот развоен период се соочуваат со бихејвиорални предизвици, односно манифестираат неприфатливи шеми на однесување.



Еве само неколку чести причини, симптоми и препораки.


Зошто се јавуваат овие предизвици?


  • Задоцнување во експресивниот говор и отежната вербална комуникација;


  • Неусогласени воспитни шеми на родителите;


  • Прекумерно време пред екран со несоодветна содржина;


  • Недоволно развиени социоемоционални вештини;


  • Недоволно социјално искуство;


  • Фаза на негација (околу 2 годишна возраст) која бара внимателно водење.


Како се манифестираат?


  • Удирање, викање, агресивни реакции;


  • Повлекување, избегнување или „бегање“ од ситуации;


  • Легнување на земја, бурни испади;


  • Изразена приврзаност кон еден родител;


  • Различни облици на однесување.

Во домот да имаме едно однесување додека надвор и во градинка сосема друго однесување што често ги буни родителите.


Важно е да знаеме: Секое однесување е форма на комуникација.

Кај децата кои доцнат во развојот, особено во говорот, ова однесување често е нивниот начин да кажат „нешто ми треба“ или „не можам поинаку“.


Некои од овие реакции се и научени модели – детето запомнило дека на тој начин некогаш ја постигнало посакуваната цел.


Што можеме да направиме како родители?


  • Бидете свесни и присутни;


  • Поставете јасни и здрави граници;


  • Бидете доследни во ставовите;


  • Дајте кратки и сигурни насоки;


  • Избегнувајте долги расправии, викање и условувања;


  • Не влегувајте во непотребни дебати со детето;


  • Ограничете време пред екран и избирајте соодветна содржина.


Децата учат преку пример, емоција и доследност – не преку страв.


Раното препознавање и правилниот пристап се клучни за здрав развој и стабилно однесување. Нешто кое што секојдневно се залагаме во Тимот А.


Доколку препознавате вакви предизвици кај вашето дете, навремена поддршка може да направи голема разлика.


Напомена:

Ова се само дел од секојдневните примери кои ги среќаваме во пракса.

Кај секое дете е потребен индивидуален пристап согласно неговите развојни одредници и интереси.


За полесно растење и полесно совладување на предизвици ве очекуваме во Тимот А

075 317 241


Пишува: М-р Сашко Кочов, специјален едукатор и рехабилитатор во Тимот А

 
 
bottom of page