top of page

Приказната за PEAKY BOX: Од кетеринг за себе до кетеринг за над 4.000 задоволни клиенти!

Како настана Пики Бокс?

Приказната за Пики Бокс започна сосема случајно, пред три години. Подготвувајќи го роденденот за своето дете, двајца родители решија сами да ја направат храната наместо да нарачаат готов кетеринг.




Реакциите на гостите биле над сите очекувања. Прашувале од каде е храната и не верувале дека домаќините сами ја подготвиле. Набрзо почнале да стигнуваат и првите пораки со прашања: „Може ли да ни подготвите исто вакво и за нас?“


Професионален почеток

Бидејќи таткото веќе имал претходно искуство во угостителството, одлуката била лесна, да ја претворат оваа случајна идеја во сериозен бизнис. Знаеле дека на луѓето им треба квалитетна храна која изгледа и има вкус како да е подготвена дома.


Пики Бокс денес

По три години работа, она што почна во семејната кујна, прерасна во препознатлив бренд:


Денес тимот се состои од 7 посветени луѓе.

За овие три години, опслужиле над 4.000 задоволни клиенти.


Пристапот на Пики Бокс останува ист како и првиот ден, секоја нарачка се подготвува со истото внимание и квалитет како за сопственото семејство.


Нарачај го твојот Peaky Box уште денес, достапни се и на Wolt!

076 707 011

 
 
bottom of page