top of page

Голем успех на малата пијанистка Уна Златановска на Меѓународниот натпревар Golden Piano Talents Competition!

Голем успех на малата пијанистка Уна Златановска на Меѓународниот натпревар Golden Piano Talents Competition!



Од 11 до 13 септември во Штип се одржа Четвртиот фестивал „Златни пијано таленти“ во Северна Македонија, на кој учествуваа 50 брилијантни пијанисти од целиот свет и 30 наставници по пијано.

На фестивалот настапија добитниците на Меѓународниот натпревар Golden Piano Talents, кои беа наградени со медали, плакети, сертификати, подароци и парични награди.

Настанот беше вистинско музичко доживување кое подари инспирација, емоции и незаборавни моменти.


Ученичката-пијанистка Уна Златановска од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“- Крива Паланка, во класата на проф. Лариса Жулина-Митовски, постигна голем успех на престижниот натпревар Golden PIANO Talents Competition.

Нејзиниот настап беше вистински празник на музиката и талентот.


*Текстот е преземен од официјалниот фб профил на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“- Крива Паланка.

 
 
bottom of page