Водич за купување: Парчиња облека кои мора да ги имате во детскиот плакар (kidstoday.mk)
- Кидо Медо

- Oct 30
- 3 min read
Кога станува збор за детска облека, секој родител се соочува со истиот предизвик – како да се избере облека што ќе биде удобна, практична, издржлива, но и доволно убава за секоја пригода. Децата растат брзо, а нивните активности бараат облека што ќе може да ги следи во чекор. Затоа е важно да се инвестира во квалитетни основни парчиња кои лесно се комбинираат и можат да се носат во различни прилики.
Во продолжение ви претставуваме 5-те задолжителни парчиња облека oд Kids Today што секој детски плакар треба да ги има — практични, удобни и изработени од природни, органски материјали. 🌿

1. Маичка од органски памук
Безвременска класика и основа на секоја детска комбинација. Маичката е првото парче кое го облекуваме секое утро, па затоа е важно да биде направена од 100% GOTS сертифициран органски памук.Овие маички овозможуваат кожата да дише, се нежни на допир и не предизвикуваат иритации. Дополнителен плус е што се лесни за перење и одржување – нешто што секој родител го цени.
Изберете неколку неутрални бои за секојдневие и неколку со интересни принтови за да ја разиграте гардеробата. Комбинирајте ги со хеланки, фармерки или сукњичка – можностите се бесконечни!
Види повеќе модели ТУКА!

2. Удобни хеланки или тренерки
Секоја мајка знае дека кога детето ќе ја најде совршената удобна тренерка – нема да сака да ја соблече! Хеланките и тренерките се совршени за секојдневни активности, било да е во прашање игра во парк, училиште или прошетка.
Изберете модели со еластичен појас, меки шевови и квалитетен материјал што се растегнува, но не се деформира по неколку перења.Ако се изработени од органски памук со мал процент еластан, ќе бидат и удобни и издржливи. Практичните џебови и современи дизајни им даваат дополнителен стил, без да ја нарушат функционалноста.
Без разлика дали доаѓаат во комбинација со дуксер или се носат самостојно удобните тренерки се “must-have” парче за секоја сезона.
Види повеќе модели ТУКА!

3. Топла јакна
Времето знае да нè изненади, особено во преодните сезони. Затоа, секое дете треба да има топла јакна која ќе го штити од дожд, ветер и студ.Пафер јакните (puffer jackets) се идеален избор – топли, но не премногу тешки, совршени за активни деца кои не сакаат ограничувања во движењето.
Барајте модели кои се водоотпорни и ветроотпорни, но и направени од рециклирани или еколошки материјали. Со тоа не само што го заштитувате вашето дете, туку придонесувате и за зачувување на природата.
Дополнително, јакните на нашите брендови се доволно топли и за студените зимски денови. Види повеќе модели ТУКА!

4. Универзална блузичка или фустанче
Парче кое секогаш „спасува ситуација“. Едноставна блузичка или фустанче може да се носи и на роденден, и во градинка, и во прошетка.Изберете модели со природен состав, прилагодени на сезоната – памук за лето, мешавина со волна или органски жакард за постудените денови.
Со правилни додатоци, истото парче може да изгледа сосема поинаку – со хулахопки и чизмички за елегантен изглед, или со патики за лежерен стил. Практично, стилско и одржливо! Види повеќе модели ТУКА!

5. Квалитетни и удобни чевли
Без разлика колку е убава облеката, вистинските чевли се тие што го заокружуваат секој изглед и обезбедуваат удобност во движењето.Децата поминуваат часови во трчање, скокање и игра, па затоа изборот на чевли е особено важен за нивниот развој и држење на телото.
Бирајте анатомски модели со мека, флексибилна подлога која овозможува природно движење на стапалото. Материјалите треба да бидат пропустливи и природни, за стапалата да дишат и да не се потат.За постудените месеци, изберете водоотпорни чизмички со топла внатрешност, а за потоплите – лесни патики од органски памук или рециклирани материјали.
Квалитетните чевли не се само моден избор – тие се инвестиција во удобност и здрав раст.
Види повеќе модели ТУКА!
Совети за паметно купување
Одбирајте помалку, но поквалитетно. Еден добар производ што трае подолго вреди повеќе од неколку евтини што брзо се трошат.
Проверете дали производот има GOTS или OEKO-TEX сертификат, што гарантира безбедност за детската кожа.
Бирајте неутрални бои и унисекс модели – практични се за пренос од постаро на помладо дете.
Кога ќе ги имате овие 5 основни парчиња, секојдневното облекување станува полесно, побрзо и без стрес. А најубавото е што ќе знаете дека вашето дете носи удобна, здрава и одржлива облека, создадена со љубов и грижа – баш како што заслужува.



