Безбедноста на роденденските декорации е често занемарен аспект: Интервју со Бубе од WeParty.
- Кидо Медо

- Nov 14
- 3 min read
Updated: Nov 15
Денес разговараме со Бубе, креативниот ум позади WeParty., мал семеен бизнис и инспирација која доаѓа од љубовта кон децата и креативноста.
По повеќе од една деценија искуство во HR и маркетинг во ИТ секторот, соочувајќи се со технолошки вишок по породилното отсуство, Бубе се охрабрила да го претвори предизвикот во нова приказна.
WeParty. е повеќе од продавница за декорации; тоа е приказна за нов почеток, креативност и верба дека секој роденден може да биде мал свет исполнет со магија пред сѐ на безбеден и сигурен начин. Во свет преплавен со онлајн производи, разговараме со Бубе за тоа што навистина го прави квалитетот, зошто безбедноста на децата е на прво место и како WeParty. ја докажува својата вредност.
Која е основната мисија на WeParty. и што ја дефинира Вашата уникатност?
WeParty. настана сосема природно и спонтано. Се роди од желбата да создадаме нешто што ќе им донесе радост на децата, а мир и сигурност на родителите.
Почнавме неодамна, со внимателно одбрани производи и сме пресреќни со интересот кој го реализиравме во само неколку месеци. Производите на WeParty. се веќе дел од нечии преубави спомени.

Ние сме место каде можете да најдете ексклузивни, уникатни производи и декорации за вашите забави, кои нема да ги најдете на друго место. Имаме за мисија да помогнеме во создавање на незаборавни моменти со декорации што ќе внесат радост, боја и фантазија на секоја забава. Нашите производи се и автентични, дизајнерски и модерни, бидејќи ги следат сите најнови трендови во светот во делот на организирање забави.
Сакаме да внесеме магија во секој дел, да предизвикаме воодушевување кај возрасните, а најмногу од сѐ насмевки кај најмалите и спомени што ќе им траат засекогаш.
Во време кога прославите генерираат многу отпад, зошто трајноста на еден балон е суштинска за вашиот бизнис?
Посветено внимаваме сите наши производи да ги исполнуваат сите меѓународни стандарди за безбедност, да се создадени со силна еколошка свест и одговорност. Нашите балони се наменети за повеќекратна употреба, со што го намалуваме непотребниот отпад и овозможуваме производи кои траат подолго.
Децата добиваат производ кој трае многу подолго од една вечер, што го зголемува задоволството и ја оправдува инвестицијата во квалитет. Тоа значи дека балоните можат да продолжат да носат радост како дел од детската игра со месеци, а не само неколку часа.

Зошто е толку важно што вашите производи се одобрени од соодветни институции?
Производите кои доаѓаат во контакт со храна, поточно чиниите, чашите, кутиите за грицки, свеќите и украсите за колачиња, се одобрени од Агенцијата за храна и ветерина на Македонија, преку лабораториски тестови кои ги доставивме до агенцијата за да потврдиме дека сѐ што доаѓа во контакт со крајниот купувач е нетоксично. Сето ова го земавме како обврска од прв ден и се надеваме дека и нашите клиенти ќе го препознаат тој наш чекор во овозможување на проверени и безбедни за користење производи, кои воедно и се целосно уникатни и прекрасни.
Секој родител го сака најдоброто за своето дете. Во денешно време балони и производи за декорација може да се најдат на многу места или пак да се нарачаат преку различни платформи, но не многумина знаат што сѐ се крие во тие производи и дали се безбедни за нивните деца.
„Зад секој наш производ има голема љубов кон најмалите.“
Нашата цел од првиот ден е, секој производ што ќе го купите од WeParty. да биде безбеден прво за нив.

Што е она што најмногу ве радува во секојдневната работа?
Особено ни се драги пораките по месец или два, кога ќе ни споделат дека дечињата сѐ уште си играат со балоните секојдневно. Таквите моменти се потсетник дека правиме нешто убаво и вистинско.
Нѐ радуваат и фотографиите од креативни комбинации кои ги креираат со нашите производи, нѐ инспирираат да овозможиме уште поголем избор на производи.
Што можеме да очекуваме од WeParty. во иднина?
Планот за WeParty. е да расте со многу љубов, креативност и грижа. Од нас очекувајте постојано да ве изненадуваме со нови, прекрасни, реупотребливи производи и внимателно смислени колекции и комбинации. Ќе се потрудиме да бидеме во чекор со сите нови трендови и да ви овозможиме сѐ што е најубаво на светско ниво, да може да се најде локално кај нас.
Ве покануваме да го посетите нивниот инстаграм профил за инспирација и веб страницата каде можете да ги погледнете сите нивни моментално достапни производи www.weparty.mk.















