Учење во мала група - омилено за децата!
- Кидо Медо

- Oct 13
- 2 min read
Посетата на градинка, дневен престој, работилници и слични активности за деца се структуирани на начин кој овозможува детето да се чувствува безбедно, прифатено, слободно да истражува,а воедно и да учи на начини кои се за него интересни и инспиративни.
Пред родителите да се одлучат за новото поглавје во семејното секојдневие важно е да знаат дека тие и стручните лица вклучени во воспитувањето на нивното дете стануваат еден тим, чија главна цел е добросостојбата на детенцето.

Посетата на градинки или дневен престој во услови кои се дизајнирани да се работи со помал број на деца го олеснува учењето на групата, овозможува да се забележи секое детенце со своите предности и потреби за стимулација, секој член на групата е уважен и насочен кон потребните насоки кои го водат кон подобрување на вештините, меѓусебната комуникација е подобра, нивото на доверба помеѓу членовите е повисоко, учениците во помала група се чувствуваат помотивирани за учење и споделување на наученото, одговорноста и грижата еден за себе и еден за друг се поголеми, удобноста и пријателската атмосфера се дел од секојдневното функционирање.
Бидејќи улогата на ваквите активности кои опфаќаат голем дел од секојдневието на детето е да му овозможат стимулирачка средина, погодна за учење, развој и подобрување на моторни, говорни, когнитивни, социјални вештини, вештини за самостојност, внимание, концентрација, важно е групата за која родителите ќе се одлучат да биде втор дом на нивното дете да биде место каде тоа дете ќе може преку своите можности и интереси да учи, да ги унапредува своите вештни и знаења, но и да се чувствува удобно истите да ги истакне.

Покрај сите предности за детенцето кое е член на воспитна установа дизајнирана за работење во група со мал број на деца е и тоа што родителите добиваат известување за целокупното фунционирање на детето во текот на денот, како и насоки кои може да ги применат во семејното секојдневие.
Секое детенеце и приказна за себе и има свои интереси и своја мотивација за напредок. Пред тргнување во воспитна установа важно е да го воведеме детето во промените кои ќе следат, преку слики, приказни, игра и реални ситуации да го запознаеме со новиот простор и личности со кои ќе го минува секојдневието.

Родителот е важно да биде сигурен водич на ситуацијата, да биде трпелив и достапен за детенцето. Секогаш внимателно да се одбира средината во која детето ќе функционира надвор од семејство и да биде во чекор со тоа што се случува додека детето е во градинка.
Пишува: Викторија С. Кочова, логопед специјалист и М-р по специјална едукација и рехабилитација, Тимот А
На овој линк можете да прочитате повеќе информации за Тимот А или побарајте ги веднаш на 📞 075 317 241



