Тајната зад моите новогодишни сликовници: Приказна инспирирана од моето дете
- Кидо Медо

- 3 days ago
- 2 min read
Празниците отсекогаш носат посебна топлина, но оваа година за мене имаат уште подлабоко значење. Ги создадов моите персонализирани новогодишни сликовници. Многумина ме прашуваат како ги создадов, од каде започна сè, и зошто се разликуваат од другите детски книги.
А одговорот е едноставен: моето дете е мојата најголема инспирација.

Како започна сe?
Големото дете , по природа е доста љубопитно , и гоолем љубител на детски сликовници. Една вечер читавме книга во која случајно се најде неговото име , и он ме праша “Мамо , зошто ти не ми направиш моја книга како што ми направи и торта со моето име хаха”.Во тој момент почувствував нешто што само родител може да го разбере, мешавина од љубов и желба да му создадам свет во кој сe е можно. Тогаш ми дојде идејата да направам сликовница каде моето дете ќе биде главниот лик. Приказна во која Дедо Мраз навистина разговара со него, го гледа, го слуша и му подарува момент што ќе го памети.

Првата сликовница и првата реакција
Кога ја создадов првата новогодишна сликовница ,ја илустрирав, ја споив, ја напишав..и една вечер му велам – Имаме нова книга , за детето Андреј ....
Неговата реакција… тоа беше момент што ќе го паметам цел живот.
Очите му светнаа, срцето му се исполни со радост, а јас сфатив дека не сум направила само книга ,туку спомен.
Спомен што ќе може да го отвори и кога ќе порасне, спомен што носи топлина и личен допир.
Зошто персонализирани сликовници?
Секое дете заслужува да се почувствува посебно. Да се види себе како храбар јунак, љубопитно девојче, авантурист со големо срце…
Секоја моја сликовница е токму тоа:
приказна во која името на детето блеска,
илустрации кои ја оживуваат зимската магија,
и текст што зборува директно на нив, а не само „за“ нив.
Сакав да создадам новогодишна традиција што ќе се повторува секоја година: семејно читање, топло ќебенце, ламбички и приказна создадена само за твоето дете.
Што ја прави оваа сликовница посебна?
Персонализирано име
Илустрации со новогодишна магија
Топла и поучна приказна
Спомен кој останува засекогаш
Подарок што не се заборава

Ова не е само книгичка што ќе се прочита еднаш. Ова е нешто што ќе се чува, ќе се гледа по празниците и ќе се памети.
Секоја сликовница што ја создадов е полна со љубов и желба да направам магија во барем еден детски свет. Почна од моето дете, но денес се шири во многу домови и многу мали срца.
Доколку сакате и вашето дете да има своја новогодишна приказна, пишете ми.
Со радост ќе создадам книга што ќе остане во вашето семејство со години.
Стефанија од КутијаЉубов.АС



