Научна кујничка: Каде љубопитноста станува знаење
- Кидо Медо

- Mar 5
- 2 min read
Развојот на детското размислување е фасцинантен процес. Жан Пијаже нè учи дека децата не се „мали луѓе“ кои само треба да собираат информации, туку битија кои го доживуваат светот на квалитативно поинаков начин. Научна кујничка ја следи токму оваа филозофија: создаваме стимулативно опкружување каде светот буквално поминува низ рацете на децата.

Како го претвораме учењето во авантура?
Зад секоја активност стои тим од стручни лица од областа на природните науки, психологијата и дизајнот. Нивната задача е да осмислат практични експерименти преку кои децата директно ги воочуваат природните феномени како што се магнетизмот, растворливоста или промената на агрегатните состојби. Наместо суви дефиниции, ние нудиме искуство. Процесот е едноставен но моќен: детето набљудува, поставува прашања, испробува и под стручно водство самостојно донесува заклучоци.
Игривоста е срцето на нашиот метод. Играта е природно живеалиште на детето и најдобрата рамка за спонтано учење. Сè што се работи во кујничката е поврзано со секојдневни искуства за да се обезбеди долгорочно разбирање. Веруваме во моќта на заедништвото, па затоа покрај учењето од предавачот, поттикнуваме и хоризонтално, односно врсничко учење каде децата учат едни од други.
Придобивки за детскиот развој
Покрај стекнувањето научни знаења, децата развиваат клучни животни вештини:
Когнитивен развој и внимание: Преку решавање задачи и дискусии, го поттикнуваме критичкото размислување и способноста за подолг фокус.
Истражувачки дух: Наместо само да ги меморираат фактите, децата учат како научниците доаѓаат до сознанијата. Ова гради позитивен став дека учењето е забавно и корисно.
Социјализација и правила: Групната работа ги учи на соработка и усогласување со другите, додека следењето инструкции во лабораторијата ја јакне нивната дисциплина.
Самодоверба: Соодветната поддршка му овозможува на секое дете да се почувствува компетентно и успешно во секоја активност.
Долгорочни ефекти
Резултатот од работата во Научна кујничка не е само моментална забава. Децата совладуваат комплексни поими кои подоцна ќе ги изучуваат во училиште. Нашата цел не е тие само да меморираат дефиниции, туку да научат да резонираат и да го разбираат светот околу себе. На овој начин градиме цврста основа за идното образование и ги подготвуваме за предизвиците на 21 век.
Роденденски прослави
Експлозивна роденденска содржина, возбудлива со многу забавни детали со елементи на едукативен карактер. На децата треба да им се овозможат моменти да растат во светот на волшебниците. Авантурите да бидат дел од нивното растење.

📞078 259 767









