top of page

Препораки од bebecito.mk: Што сè треба да содржи вашата торба за во породилиште?

Подготовката за денот кога за првпат ќе го запознаете вашето бебе е еден од највозбудливите моменти во бременоста. Иако возбудата е голема, често се јавува и мала доза на паника – дали заборавив нешто?


За да помине сè помирно и поорганизирано, клучот е во добрата подготовка. Најдобро е торбите да бидат подготвени барем 2-3 недели пред терминот. Еве го нашиот краток водич за тоа што навистина ви е потребно за вас и за новороденчето.


Подготовката за породилиште е еден од највозбудливите, но и најчувствителните моменти за секоја идна мајка. За да помине сè помирно и поорганизирано, важно е навреме да се подготват торбите, една за мајката и една за новороденчето.



Во продолжение, Bebecito ви споделува листа на работи кои треба мајката да ги понесе во породилиште:


За мајката

Мајчината торба треба да содржи основни работи за неколку дена престој:

  • Лична документација и медицински документи

  • Удобна ноќница и папучи

  • Хигиенски производи (четка за заби, паста, шампон, крем, балсам за усни)

  • Влошки за по породување и градници за доење

  • Пешкири и резервна долна облека

  • Полнач за телефон, вода, барови.

  • Облека за излегување од породилиште

Најважно е мајката да се чувствува удобно и спокојно, без непотребен багаж.


За бебето

Торбицата за бебето треба да биде практична и добро организирана. Обично содржи:

  • 2–3 комплети облека (боди, панталончиња, чорапчиња)

  • Капче и ракавички

  • Пелени за новороденче

  • Влажни марамчиња и крем за пелени

  • Памучна пелена или муслин прекривка

  • Цуцла (доколку корстите)

  • Облека или ќебенце за излегување од породилиште

  • Козметика за нега на бебе и нега на папочето.


Добрата бебешка торба прави огромна разлика, сè е на свое место и лесно достапно.


Каде да најдете практични и убави мајчински и бебешки чанти?

На bebecito.mk можете да најдете внимателно одбрани мајчински чанти кои ги задоволуваат сите потреби на модерната мајка.


Брендот Pasito a Pasito, водечки шпански бренд, нуди ултра-лесни, пространи и елегантни мајчински чанти, дизајнирани со љубов и внимание кон секојдневните потреби од првиот ден со бебето. Материјалите се водоотпорни, меки, лесни и ператливи во машина, а секоја колекција има усогласени додатоци за совршена организација.


Walking Mum, создаден од Pasito a Pasito, е идеален избор за активни, урбани родители. Инспириран од северноевропски стил, овој бренд нуди практични, удобни и модерни чанти кои овозможуваат слобода во движењето – без компромис помеѓу стил и функционалност.


Подгответе се без стрес и со стил, сè што ви треба за породилиште и првите денови со бебето ве чека на bebecito.mk



Практични on-the-go додатоци за мајки.


070 277 789

bottom of page