Подарете му на своето дете незаборавен роденден! Tinker Labs нуди спој на едукација и забава!
- Кидо Медо

- Oct 28
- 2 min read
Прославете го својот роденден во Tinker Labs и незаборавното искуство е гарантирано!
Како ви звучи посебен и уникатен роденден со научни очила? Звучи научно, забавно и интересно. Организацијата на роденденот препуштете ја на нас, а вие само уживајте!
Роденденот на Вашето дете во Tinker Labs може да биде прославен на посебен начин.

Во рамките на 120-минутната забава, што вклучува и едукативен дел, децата под водство на нашите квалификувани учители ќе изведуваат експерименти и на интересен начин ќе ги учат деталите од избраната тема.
Изберете ја вашата посакувана тема!
ЗАБАВНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО ФИЗИКАТА
Со различни експерименти ќе го истражиме прекрасниот свет околу нас. Како се однесуваат силите? Каква е врската меѓу меурчињата и сапунот со физиката? Забавувајте се заедно и дознајте!
НАУКА ИЛИ МАГИЈА?
Оваа мистериозна тема е наменета за деца кои се вистински научници и магионичари. Можеби звучи необјасниво, но за сè постои логично објаснување. Забавувајте се заедно со специјални магични трикови!
ФОРЕНЗИКА – ДЕТЕКТИВСКА ЕКИПА
Некој влегол во зградата и ја украл опремата! Помогнете нѝ да откриеме кој е виновникот! Оваа роденденска тема ги претвора децата во вистински форензичари.
ВНИМАНИЕ: ЕЛЕКТРИКА!
Дали верувате дека на овој роденден ќе учиме за електрична енергија преку различни експерименти? Направете батерија од кал или поврзете коло од лимон. Електричната детска забава е обезбедена!
ЛИГАВ РОДЕНДЕН
Еден збор: SLIME! Освен изработка на различни облици и бои, ќе се забавуваме и со експериментирање на други лигави и чудни изуми.

ЛАБОРАТОРИЈА НА ХЕМИСКИ РЕАКЦИИ
Оваа незаборавна детска роденденска забава ќе ги воодушеви децата од сите возрасти, бидејќи е забава во Tinker лабораторијата за хемичари - хемиски реакции и експерименти со епрувети и сите помагала и хемикалии.
ФАНТАСТИЧНИ ДИНОСАУРИ
Диносаурусите и древната историја на Земјата, копајќи фосили како археолози и палеонтолози, во заштитни очила додека прават фосилни остатоци како спомен на оваа незаборавна детска роденденска забава. ROAR! Сè ова ќе го направи вашиот роденден незаборавен.
СТАНЕТЕ ИНЖЕНЕР И АРХИТЕКТ
Роденденска прослава за деца со активни инженерски предизвици - градење и разурнување, дизајнирање и натпреварување, забава со изградба на згради и мостови, уредување на верижни реакции и планирање на градови.
АСТРОНАУТИ ВО ВСЕЛЕНАТА
Заедно отпатувајте во вселената со правење на ракети во Tinker роденденска лабораторија, каде што ќе се шетаме како астронаути по месечината и ќе го прославиме Вашиот роденден меѓу ѕвездите и планетите.
ОКОЛУ СВЕТОТ НИЗ ЕКСПЕРИМЕНТИ
Заедно патувајте низ светот преку оваа непречена детска роденденска забава, каде што ќе патуваме од држава до држава и ќе изведуваме експерименти водени од различни научници. Ве очекуваат Њутн, Тесла, Кири и многу други. Припремете се за полетување!
Контакт:
📞070 992 000 | ✉ macedonia@tinkerlabs.mk
Капиштец | Аеродром | Центар | Kaрпош









