Како да се избере вистинскиот подарок за новороденче (dambo.com.mk)
- Кидо Медо

- Nov 4
- 2 min read
Кога пристигнува бебе, за родителите па и за околината цел свет се менува. Иако е момент за кој долго се подготуваме кога ќе дојде обично настанува општ хаос, посебно за најблиските. И во тој хаос кога треба да се одбере и соодветен подарок сите некако немаат идеја што да подарат или имаат недоволно време да лутаат по продавници.
Токму со таа мисла започна Дамбо. Да бидеме едно централно место каде најблиските може да пронајдат подарок што изгледа убаво а истовремено е и корисен. Ништо случајно, ништо „само за слика“. Што значи тоа во пракса? Еве неколку работи што се важни при избор на подарок кон кои и ние се придржуваме.
Подароците треба пред се да бидат практични
Во првите месеци од животот бебињата се најчесто претрупани со подароци. Сите сакаат да донесат нешто што убаво изгледа, но не мора да значи дека ќе биде корисно. Ние се обидуваме да направиме баланс од двете. Секој подарок содржи работи што новите родители навистина ги користат. Главен елемент најчесто е бебешки комплет или боди во зависност од сезоната. Но, на тоа има уште мал милион ситници во зависност од подарокот. Па така имаме опции со плишани играчки, музички играчки, радосници, тропки, чорапчиња, патичиња, ќебенца, пешкирчиња.
Да покажат дека оној што подарува го осмислил подарокот и се потрудил
Денес има многу продавници каде може да купите облека, играчка или некој сет за бебе. Истиот подарокот може да го купат уште многумина после вас. Нашата идеја беше да понудиме поинакво искуство. Иако нашите сетови често може да се направени од слично или исто бебешко комплетче или играчка, од неодамна сите подароци имаат можност да бидат персонализирани. Па така, секој што има желба може да го додаде името на бебето, датумот на раѓање или друг дел што ќе го направи подарокот уште попосебен. Дополнително имаме и персонализирани чоколатца што ги прават нашите подароци уште послатки, а интересните балончиња уште повесели.
Подарокот да биде убав и по содржина и по изглед
Често и најмалиот подарок ако е убаво запакуван може да биде најубав. Водени од таа мисла сите подароци доаѓаат во интересно пакување. Во зависност од замислата имаме опции во кутии, гајби, корпи, или на подлоги. Декорирани во розе или сина боја да го пречекаат бебето со стил.
Да бидат во согласност со буџетот
Цената не ја диктира вредноста на подарокот. Напротив, вниманието и љубовта вложена во подготвување на истиот е она што го прави посебно. Затоа се обидуваме да понудиме најразлични подароци што може да се вклопат во сечиј буџет и секој да може да подари впечатлив подарок.
Доколку се уште не сте сигурни каков подарок да одберете, ние сме тука да ви помогнеме. Целата понуда може да ја најдете на интернет страницата на Дамбо, а доколку имате своја идеа пишете ни и ние со задоволство ќе ја реализираме.















