top of page

Како во Аlphabet Language School се учи „Среќен роденден“ на германски – преку вистински зборови и искрени честитки

Кога ќе кажеме учење странски јазик, најчесто помислуваме на граматика, правила, нови зборови и вежби во тетратка. Сето тоа е важно, но не е доволно. Јазикот не е само нешто што се учи на памет, тој е нешто што се живее.

Затоа во нашето училиште се трудиме германскиот јазик да го доближиме до секојдневниот живот на учениците, до нивните чувства, ситуации и приказни.



Една од активностите што ја реализиравме неодамна беше учењето како се честита роденден на германски јазик. учениците да научат како навистина се честита на германски, со убави зборови, со желби, со лична порака.

Часот започна со разговор, кому му честитаме најчесто роденден, што сакаме да му посакаме и како изгледа една честитка.

Потоа заедно откривавме како тоа се прави на германски. Нови зборови, нови изрази, кратки примери, малку смеа и многу љубопитност.


ree

Постепено учениците почнаа да составуваат свои реченици, свои желби, свои честитки. Тие имаа задача да напишат честитка за некој свој другар, сестра, брат, мајка, тато. Низ оваа едноставна, но многу значајна активност, учениците научија многу повеќе.

Научија како се гради реченица, како се користи глагол, како се изразува желба, како се внимава на редот на зборовите. Но уште поважно, учеа да се осмелат да пишуваат на германски без страв и со самодоверба.


Токму тоа е нашата цел, учениците да не се плашат од јазикот, туку да го прифатат како нешто свое. Да згрешат, да се поправат, да прашаат, да пробаат повторно. Затоа што така се учи вистински. Оваа активност е само еден мал дел од начинот на кој работиме. Кај нас германскиот не се учи само од учебник. Се учи преку разговори, игри, пишување, реални ситуации и теми блиски до секојдневието.


ree

Се учи преку смеа, преку дружба, преку мали, но важни успеси!


070 215 583 и 070 228 526

bottom of page