Како Jumping Clay го развива критичкото размислување и самодовербата кај децата
- Кидо Медо

- Oct 16
- 2 min read
Jumping Clay Македонија не е само работилница за глина, туку е едукативна франшиза која во текот на 8 години успешно ја развива креативноста на децата низ практична примена. Фактот дека развојот на моторните вештини е важен не само за физичкиот раст, туку и за когнитивниот развој и критичкото размислување кај децата е централен во нивната методологија.

Преку уникатната техника, развивана долги години од "Jumping Clay institute of art", децата учат многу повеќе од моделирање:
Развој на вештини за решавање проблеми: Преку практични задачи, децата учат да решаваат проблеми и да работат самостојно.
Истражување на креативноста и фантазијата: Се поттикнуваат самостојно размислување и негова примена во пракса, истражување на креативноста и фантазијата.
Концепти на симетрија, величина, простор и содржина: Добиваат чувство за овие важни концепти додека изработуваат неверојатни фигури и играчки.
Зголемување на самодовербата: Преку развивање сопствени идеи, децата ја зголемуваат својата самодоверба и вештините за набљудување, когнитивните вештини и концентрацијата.
Учење низ игра – Клучот за успех
Учењето преку игра е од витално значење. Jumping Clay одржува часови во училиштата, градинките, тематски работилници и родендени, каде специјални сертифицирани инструктори-едукатори им помагаат на децата.
Играта овозможува учење преку забава, помагајќи му на детето да се развива и напредува на емоционален и когнитивен начин. Со работата во група, се подобруваат и друштвените интеракциски вештини.
Вклучете го вашето дете во оваа форма на учење и дозволете му да ја развие својата генијалност, градејќи ја основата за критичко размислување и самостојна работа.
Jumping Clay e уникатна полимерна глина со мирис на јасмин, која е составена од нетоксична материи.
Ова единствената глина што го поминала европското SGS тестирање за оваа намена.100% безбедна, нетоксична, без глутен и не предизвикува алергија. Пакетот на Jumping Clay за детски забави има се што ви е потребно креативна, неверојатно релаксирана забава на која нема да се направи неред.
Соодветна е за деца над 5-годишна возраст.
Детали за контакт:
📞078 309 559








