Запознајте го Kraftis Studiо: Каде љубовта кон дрвото станува уметност
- Кидо Медо

- Nov 14
- 1 min read
Во светот на масовното производство, постојат приказни кои сјаат со топлина, уникатност и чиста љубов кон рачната изработка. Една таква приказна е таа на Kraftis Studio – место каде што два креативни ума со заедничка страст, ја претворија својата наклонетост кон дрвото во нешто многу повеќе од хоби.
Позади Kraftis Studio стои брачен пар од два креативни умови кои ја претворија својата љубов кон дрвото и рачната изработка во нешто повеќе од хоби.
Идејата се роди од љубовта кон создавањето нешто уникатно, што ќе ја раскаже својата приказна преку дрво и гравура.
Така од првите мали подароци за пријателите и семејството, полека се роди еден цел свет од дрво — Kraftis Studio.

Денес, речиси една година подоцна, со нас се стотици задоволни клиенти и безброј гравирани приказни.
Нашата најголема посебност е во тоа што секој клиент го гледаме како инспирација, а ретко кога одбиваме некоја нарачка — затоа што сакаме секоја идеја да оживее на дрво.
Се трудиме секоја нарачка да биде навремено изработена, внимателно дизајнирана и уникатна, токму како личноста за која е наменета.
Во моментов, фокусот ни е на персонализирани сетови за мекици, крштевки, инфографици, дрвени бележници за фотографирање и детски дрвени закачалки, но со секој нов ден расте и нашата желба да внесеме нови производи и свежи идеи.
Материјалот што го користиме е дрво, обработено со љубов и со помош на ласерско гравирање, а секој детал го изработуваме рачно.
Kraftis Studio — таму каде што љубовта кон дрвото станува уметност.
070 248 648















