top of page

Кaде што децата учат да веруваат во себе и во животот

Updated: Oct 13

Во време кога сè оди брзо, а децата растат во свет полн со информации, највредното нешто што можеме да им го подариме не е уште една активност, туку патување на кое ќе научат да веруваат во себе и во животот.


StartUP #NLPзаДЕЦА е токму тоа место каде што децата преку игра, техники, алатки и

приказни ги вежбаат мисловните процеси за успех, градејќи самодоверба, радост и

способност да размислуваат #КакоМОЖЕ, а не зошто не.

Овие работилници не се за „совршени деца“ туку за вистински деца кои сакаат да

откријат како да бидат најдобрата верзија од себе и да уживаат во процесот на растење.


ree

Што е NLP (невролингвистичко програмирање)?

Тоа е наука што ја проучува успешноста, како размислуваме, зборуваме и се однесуваме

за да создадеме резултати. Со децата, ова го претвораме во игра и го нарекуваме:

  • Нешто Лудо Паметно

  • Навистина Лесна Промена – ако знаеш КАКО!


Така, децата откриваат дека можат да влијаат на своите мисли, емоции и постапки и тоа е

првиот чекор кон вистинска самодоверба.



III сезона #NLPзаДЕЦА...

Децата денес се соочуваат со предизвици што ние големите не сме ги имале на нивна

возраст, ако сме искрени, овие предизвици не им се лесни ни на големите, а тоа е:

  • дигитален притисок,

  • несигурност во комуникацијата,

  • потешкотии со концентрација,

  • недостиг на самодоверба.


StartUP #NLPзаДЕЦА им нуди практични начини да се справат со овие ситуации. Секое дете учи преку сопствено искуство, во весела и безбедна атмосфера каде грешките се добредојдени и се вреден дел од учењето, а не причина за критика.


Што добиваат децата?

  • ДА зборува со сигурност и љубезност

  • ДА препознава и управува со емоциите

  • ДА развие самодоверба и мотивација

  • ДА учи побрзо и полесно со креативни техники

  • ДА поставува цели и да гради визија за успех

  • ДА решава конфликти со ставот #КакоМОЖЕ

  • ДА поставува моќни прашања и да дава паметни одговори.


Кога детето расте – расте и родителот


Родителството е како StartUP

Како што секој успешен стартап започнува со идеја, така и секое дете започнува со желбата да открие кое е и што може. Нашата улога како возрасни е да им помогнеме да го изградат својот внатрешен компас, не преку перфекционизам, туку преку љубопитност, поддршка и благодарност. Ова не е само уште една активност. Многу родители велат дека токму преку овие работилници учат и тие самите. Преку кратки email recap-и, игри и алатки што ги добиваат по секоја сесија, се отвора простор за разговор и поврзување дома нешто што често ни недостига во секојдневната трка.


Затоа, покрај програмата за деца, во подготовка е и NLP програма за родители (ран интерес на ana@anasaltirova.mk), за оние кои сакаат да научат како да создадат свесна, поддржувачка и охрабрувачка семејна атмосфера со помош на NLP методологијата и коучинг пристапот.

А за оние кои сакаат повеќе, постои и #КЛУБзаРодители, заедница за свесно родителство и споделување практични алатки и искуства.


ree

Доколку ова ти звучи интересно и сакаш да дознаеш повеќе – кога почнуваме, кој стои зад програмата и кои се искуствата од првите две сезони – сите информации се достапни на

следниот линк. А ако имаш прашање на кое немаш одговор, со радост ќе ти одговориме.





bottom of page