Интервју: Како PUKY и Scoot and Ride го освојуваат македонскиот пазар со квалитетот и долготрајната вредност
- Кидо Медо

- Nov 4
- 5 min read
Македонскиот пазар, иако не е меѓу најголемите, поседува исклучително зрела купувачка култура. Нашите потрошувачи умеат да го препознаат квалитетот и свесно да изберат производ кој нуди долготрајна вредност. Токму на оваа филозофија се темели присуството на брендовите како Scoot and Ride и PUKY, производи создадени да им служат на повеќе генерации деца, без компромис во безбедноста и функционалност.
За да дознаеме повеќе за тоа како се гради доверба кај свесниот потрошувач, кои се клучните предности на овие производи и какви се плановите за развој на пазарот, разговаравме со Неда Милевска, одговорното лице кое стои зад успешното претставување на брендовите PUKY и Scoot and Ride во Македонија.
Брендовите Puky и Scoot & Ride имаат долга и докажана историја во Европа. Што ве инспирираше да ги донесете токму овие брендови во Македонија, и како ја искористивте нивната историска репутација за да изградите доверба кај домашните купувачи?
Брендовите PUKY и Scoot and Ride се веќе докажани имиња на европскиот пазар, со повеќе од седум децении традиција, квалитет и иновативност. Инспирацијата зад сè што правиме се нашите деца, токму така започна и нашата приказна во 2020 година со Scoot and Ride. Иако нашата примарна дејност е транспорт, како нови родители почувствувавме недостаток на квалитетни детски тротинети на домашниот пазар. Тоа беше моментот кога одлучивме да донесеме бренд кој верувавме дека ќе го промени тоа. Секако, беше предизвик, Scoot and Ride го воведовме во екот на пандемијата, во време кога кај нас беше речиси непознат, иако се работи за австриски бренд со долга традиција и одлична репутација во Европа.
Со посветеност, истрајност и искрена вера во производот, успеавме да ја изградиме довербата на потрошувачите и денес со гордост можеме да кажеме дека Scoot and Ride е број еден бренд за детски тротинети во Македонија.
Но, нашата приказна не застана таму. Желбата да понудиме повеќе квалитетни производи за децата нè одведе до нова соработка со германскиот бренд PUKY. Иако PUKY е релативно нов на нашиот пазар, ние безрезервно веруваме во неговиот квалитет, сигурност и педантен инженеринг. По успехот со Scoot and Ride, знаевме дека секој следен бренд мора внимателно да се избере.
Со PUKY продолжуваме да го градиме истиот стандард на доверба и квалитет што го поставивме од самиот почеток. Искрено, не беше лесно — но токму тоа ја прави оваа приказна вредна и вистинска.
Во категоријата детска опрема, безбедноста е на прво место. Како увозник, како ги пренесувате строгите европски безбедносни стандарди и филозофијата на Puky и Scoot & Ride на македонскиот пазар? Која е улогата на квалитетот во Вашата целокупна бизнис стратегија?
Нашата визија секогаш била насочена кон највисоки стандарди на квалитет, креативен дизајн и одржлив пристап. Веруваме дека токму преку ваков пристап можеме да влијаеме позитивно на иднината на детската мобилност. И Scoot and Ride и PUKY континуирано вложуваат во развој на иновативни и одржливи решенија кои не само што го поттикнуваат физичкиот и моторниот развој на децата, туку им овозможуваат и чувство на слобода, радост и самостојност. Нашата мисија е да им помогнеме на родителите да им обезбедат на своите деца безбеден, квалитетен и забавен начин на движење затоа што кога станува збор за деца, безбедноста секогаш е на прво место.
Како иновативните производи како Scoot & Ride влијаат на продажбата и колку е македонскиот потрошувач подготвен да инвестира во производ кој нуди долгорочна вредност?
Иако македонскиот пазар не се вбројува меѓу најголемите, мора да признаеме дека поседува исклучително зрела купувачка култура. Нашите потрошувачи умеат да го препознаат квалитетот и свесно да изберат производ кој нуди долготрајна вредност.Производите што ги застапуваме се создадени да издржат да им служат на повеќе генерации деца, без компромис во безбедноста и функционалноста. Scoot and Ride веќе е добро позициониран и препознат бренд на нашиот пазар, а нашиот фокус сега е насочен кон тоа, истото препознавање и доверба да ја постигнеме и со PUKY. Веруваме дека квалитетот, инженерската прецизност и дизајнерската иновативност на овој бренд ќе бидат лесно препознаени од македонскиот потрошувач

Кои беа најголемите предизвици во воспоставувањето логистика и магацинско работење и кој е Вашиот совет за други претприемачи кои почнуваат со увоз на производи?
Уште од самиот почеток ни беше јасно дека патот нема да биде лесен. Во целиот процес се вклучени многу сегменти како што се транспорт, логистика, складирање, дистрибуција и секој од нив носи свои предизвици. Но, токму тие предизвици нè направија подобри. Со многу труд, континуирана работа и посветеност успеавме да создадеме систем кој функционира стабилно и одговорно. Нашето искуство ни покажа дека клучот е во упорноста, ништо не доаѓа преку ноќ. Затоа, нашиот совет секогаш е едноставен: работете со љубов, верувајте во тоа што го правите и имајте трпение, резултатите неизбежно ќе дојдат.
Што би им препорачале на оние кои размислуваат да влезат во бизнисот со увоз на странски брендови? Кои три клучни лекции ги научивте за преговарање, пазарно позиционирање и одржување на квалитетот?
Бизнисот со увоз на странски брендови е предизвикувачка, но многу возбудлива мисија. На оние кои размислуваат да влезат во овој свет би им препорачала да изберат брендови со јасна приказна, вредности и визија — само така се гради доверба и долгорочен успех.
Како ја едуцирате јавноста за тоа зошто треба да изберат скап, но безбеден и долготраен производ, наместо поевтина алтернатива?
Овие производи се создадени да траат, да растат заедно со детето, но и да се пренесат на следните генерации. Затоа веруваме дека вложувањето во квалитетен, безбеден и долготраен производ е разумна и одговорна одлука. Станува збор за инвестиција која го оправдува секој денар, бидејќи нуди трајна вредност, сигурност и мир на родителите. Нашите задоволни клиенти најдобро сведочат за тоа дека вистинскиот квалитет секогаш ја надминува почетната цена.

Како ја одржувате личната мотивација и каков е Вашиот пристап кон балансот меѓу работата и животот? Што ве прави најмногу горда во оваа бизнис авантура?
Успешното водење на увознички бизнис бара голема посветеност, истрајност и љубов кон она што го работите. Мојата најголема мотивација секогаш биле и остануваат децата – тие се причината зошто започнавме со оваа приказна и секојдневната инспирација да создаваме подобар, побезбеден и поквалитетен свет за нив. Балансот меѓу работата и приватниот живот го одржувам токму преку чувството на смисла што оваа работа ми го носи – кога знаеш дека она што го правиш има вистинска вредност, границата меѓу работа и живот станува хармонија. Најгорда сум на сите задоволни родители кои ни го доверија своето доверение, но уште погорда сум на нашите „мали возачи“, децата кои секојдневно со нас ја делат радоста на движењето, растењето и играта.
Со оглед на успехот со производите на Puky и Scoot & Ride, дали имате визија за проширување на Вашето портфолио со други светски брендови? Кои критериуми ги користите при изборот на нов бренд за македонскиот пазар и каде ја гледате Вашата компанија за следните пет години?
Да, во моментов сме во преговори со уште два европски бренда кои се совршено усогласени со нашата филозофија – квалитет, безбедност и дизајн што трае. Нашата цел е внимателно да одбираме партнери кои носат вистинска вредност за децата и родителите, а не само нов производ на пазарот. Покрај тоа, сме во подготовка на нашата прва физичка продавница, што ќе претставува ново поглавје во развојот на компанијата – место каде родителите ќе можат лично да го доживеат квалитетот и филозофијата зад нашите брендови.
Во следните пет години се гледаме како водечка компанија за детски мобилитет и lifestyle производи во регионот, со портфолио на внимателно одбрани брендови што ја спојуваат европската традиција со современиот начин на живот.


















